Аднан Ќахил, министер без ресор задолжен за странски инвестиции

Аднан Ќахил е Министер без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за странски инвестиции.

Официјален е-маил adnan.kjahil@gs.gov.mk
Website: www.msi.gov.mk
Фејсбук страна www.facebook.com/Adnan-Kahil

 

Листа на вработени во кабинетот на министерот Аднан Ќахил
Аккан Махмут  - Шеф на Кабинет

е-маил: akkan.mahmut@gs.gov.mk
тел: + 389 2 3118 022, лок. 298

Катерина Димовска Луканоска – Државен советник е-маил: katerina.dimovska@gs.gov.mk
тел: + 389 2 3118 022, лок. 277
Есин Зекир – Советник за комуникации е-маил: esin.zekir@gs.gov.mk
тел: + 389 2 3118 022, лок. 277
Џенк Ајваз – Специјален советник е-маил: dzenk.ajvaz@gs.gov.mk
тел: + 389 2 3118 022, лок. 298
Ирена Цопа – Советник е-маил: irena.copa@gs.gov.mk
тел: + 389 2 3118 022, лок. 277
Мелда Јолачан  - Помлад соработник е-маил: melda.jolachan@gs.gov.mk
тел: + 389 2 3118 022, лок. 277

 

Роден е на 3 февруари 1960 година во Скопје.

Дипломирал на Природно-математички факултет, група хемија, при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1984 година. На истиот универзитет во 2003 година го одбранил својот магистерски труд, додека својот докторски труд го одбранил во 2008 година.

Од 1998 година до 2000 година и од 2006 година до 2008 година е назначен за министер без ресор во Владата на Република Македонија, додека од 2000 година до 2002 година е назначен за државен советник на претседателот на владата и 2002 година до 2006 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија.

Од 1984 година работел во „ОХИС“ – Скопје како процесен инженер, а потоа од 1987 година до 1990 година и како главен инженер во погонот Бахем. Во периодот од 1984 година до 1986 година бил наставник во О.У. „Тефејјуз“ Скопје. Од 1990 година до 1998 година формирал приватна фирма и работел како нејзин директор. Паралелно предавал хемија во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје, додека од 1998 година е предавач на Педагошкиот факултет во Скопје.

Има објавено над 35 научни трудови кои што се прикажани во светски рангирани списанија со импакт фактор.

Проф д-р Аднан Ќахил е и активен спортист со резултати на европско ниво, носител на 5-ти Дан црн појас во карате, меѓународен инструктор на ВСКФ федерацијата за Европа во Токио, тренер во карате клубот Вардар со кој има достигнувања во европски правци. Покрај тоа, во периодот од 1998 година до 2001 година е избран за Потпретседател на Карате Асоцијацијата на Македонија.