Вторник, 28 август 2018 година е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 август 2018 година (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) на граѓаните од православна верисповед во Република Македонија.