Соопштение за неработен ден за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ” бр.21/98 и 18/07), 19 септември 2018 година (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур е неработен ден за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија им го честита Јом Кипур.