Сервисни информации

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),   23 октомври 2018 година (вторник), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2018 година (четврток), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на  Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија. 
 

Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлуки за започнување на постапки за доделување на рибите по пат на концесија за повеќе риболовни води. Со доделувањето на концесиите на рибите од риболовните води се овозможува користење на рибите преку одржлив развој за стопански, рекреативен и спортски риболов, односно вршење стопански риболов.

Започнатите постапки за доделување концесии на рибите за органзирање рекреативен риболов се однесуваат на рекреативните зони на Охридското и Дојранското езеро, риболовните ревири Црна Река 1 –Демир Хисарски, Црн Дрим 2, Злетовска Река, Треска 1 – Кичевски и Акумулација Матка, а за вршење стопански риболов на риболовните подрачја Охридско и Дојранско езеро.

Стопанисувањeто со рибите е детално уредено во Риболовните основи за одделните риболовни води кои преставуваат стручни судии за начинот на стопанисување со рибите и гарантираат одржливо користење и заштита на рибите.

Риболовната основа за риболовнта вода Охридско Езеро во почетокот на 2018 година е изменета во правец на целосна заштита и одржливо користење на рибите во езерото. Конкретно, направени се измени во делот на  утврдување на периодот на мрест и времето во кое е дозволен риболовот и детално се уредени специфичните локации на мрест на рибите, особено за охридската пастрмка, охридската белвица и крапот. Исто така, заради одржување на популацијата намалени се количините на дозволен улов на видот охридска белвица. Направени се измени кои ги  задоволуваат потребите на рекреативните риболовци, а со тоа и развојот на риболовниот туризам. Значајно е тоа што во оваа постапка за доделување концесија на рибите од риболовната вода Охридско Езеро се доделуваат на користење според овие измени.

Рибите од риболовните ревири и рекреативните зони за организирање рекреативен риболов, како и за вршење стопански риболов се доделуваат на концесија за период од шест години, по пат на јавен повик согласно Законот за рибарство и аквакултура и Законот за концесиии и јавно приватно партнерство.

 

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен  весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 15 јуни 2018 година (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам. 

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека покрај онлајн закажувањето термини за аплицирање за лични документи, преку веб страната на МВР ( termin.mvr.gov.mk ) и телефонското закажување на бројот 0800 192 92, граѓаните ќе може да закажуваат термини и со јавување на мобилниот телефонски број 072 92 92 92.

Министерството за внатрешни работи обезбеди 30 линии (оператори) кои ќе ги опслужуваат граѓаните и ќе им се олесни побрзо да ги извадат своите лични документи.

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2018 година, четврток, „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.   

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита празникот.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 23 мај 2018 година, среда, Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија им го честита Националниот ден на Власите.    

Министерството за труд и социјална политика соопштува, дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 25 мај 2018 година (петок), Духовден, петок пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во рамки на проектот за подобрување на исхраната на децата во предучилишните установи и основните училишта кој се реализира во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ, унапредена е содржината на Правилникот за стандардите за исхраната и за оброците во основните училишта.

Од страна на МОН изготвено е Упатство за негова правилна примена, а дополнително е креирана и електронска алатка која овозможува проверка на квалитетот на оброците наменети за најмладите.

„Наведените прописи и е-алатката се наменети за раководствата и одговорните лица во основните училишта, во насока на соодветно планирање на исхраната која има особено големо значење за правилниот психофизички раст и развој на децата“, информираат од Министерството за образование и наука.

„Апелираме да се почитуваат и правилно да се применуваат прописите кои ги утврдуваат референтните вредности за енергетски и нутритивен внес, даваат препораки за видовите намирници и јадења, за начините на подготовка, препораки за број и распоред на оброци и препораки за храна која треба да се избегнува или поретко да се конзумира, бидејќи тоа е единствениот начин да се превенира појавата на потхранетост, дефицит на микронутриенти, угоеност и други хронични заболувања поврзани со исхраната на децата“, соопштува министерството.

Со оглед на фактот што континуирано и значително се подигнува општествената свест за важноста на правилната исхрана и конзумирањето на здрава храна, од МОН веруваат дека органите за контрола на примената на правото во пракса, во рамки на редовните надзори и контроли „ќе имаат прилика да изготвуваат исклучиво позитивни извештаи, во кои ќе нема или пак, констатираните предизвици ќе бидат минимални“.

Достапни се на следниот линк

Денеска се отвори новиот објект „Детелинка“, во рамките на градинката „Ангел Шајче“ во Куманово. Се работи за адаптиран простор за згрижување на 62 деца, на возраст од 9 месеци од 6 години. Објектот со 3 занимални и други пропратни простории е на површина од 348 м2. 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во нејзиното обаќање потенцираше дека ова е уште еден конкретен чекор за зголемување на опфатот на деца во предучилишни установи во Република Македонија. 

Министерството за труд и социјална политика во рамките на својот буџет издвои 3.789.000,00 денари за изведување на градежно-занаетчиски работи и 1.513.112,00 денари за опремување на просторот. МТСП исто така обезбедува средства за редовно вршење на дејноста во овој објект преку блок дотации.