Соопштенија

Силни пораки од Трст на светско политичко ниво: Премиерот Заев се сретна и со претставникот на британската премиерка Меј, Борис Џонсон, во Македонија се гледа мотор на регионот кон ЕУ и НАТО

Оценката што ја соопшти министерот за надворешни работи, Џонсон е дека Македонија е конечно на вистинскиот правец и најави дека Велика Британија ќе направи се што може да и помогне на нашата држава за влез во НАТО и во ЕУ. 

Средба на премиерот Заев со канцеларката Меркел: Германија силно ја поддржува новата реформска Влада на Македонија

Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евро-атлантската иднина на Македонија, а со тоа и квалитетен живот за граѓаните. 

Прогласена кризна состојба поради напливот на мигранти

Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во регионот на јужната и на северната државна граница поради зголемениот наплив на мигранти, со што согласно правните прописи се отвора можност за соодветен ангажман и на АРМ, информира денеска на прес-конференција портпаролот на МВР Иво Котевски.

Mинистерката Шекеринска на панел-дискусија со претставници на групата „Охрид“: Успеавме да го исполниме она што ѝ треба на Македонија и морате да сметате на нашите стратешки интереси кои ги решаваме како заеднички интереси на сите граѓани и соседи

Заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска учествуваше на панел дискусија заедно со претставници на новоформираната група „Охрид“, во која членуваат поранешни  дипломати, за поддршка на Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ.

Премиерот Заев домаќин на конституирањето на неформалната група пријатели предводена од Лордот Џорџ Робертсон, за поддршка во процесот на ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска беше домаќин на конституирањето на неформалната група „Охрид“, составена од висока делегација на политичари со, како што ги претстави премиерот Заев, исклучително импресивен политички бекграунд, предводени од поранешниот Генерален секретар на НАТО, Лордот Џорџ Робертсон.

Од 65-та седница на Владата на РМ: Работна група за ХЕ Чебрен и Галиште; Предложени законски измени за унапредување на работничките права; Ќе следува доекипирање на инспекциските служби

На денешната седница беше разгледана и усвоена програмата за изменување на годишната инвестициона програма на ЈП ХС „Злетовица“, Пробиштип и ребалансот на финансовиот план, а беше разгледан и годишниот извештај за работата на Геолошкиот завод на Република Македонија.

Премиерот Заев за Извештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања во Собранието на РМ: Реформската динамика ни донесе чистата препорака, заедно да сработиме и за датум за преговори!

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, на покана на Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Македонија, денеска се обрати пред пратениците и дипломатскиот кор во нашата земја.

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна, 65-та седница

Министрите на денешната седница, на барање на Министерството за економија, ќе дебатираат за извештајот за извршени преговори со усогласен текст на договорот за соработка во областа на туризмот меѓу владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина.

МВР: Промоција на службената униформа за сите припадници од Одделот за заштита на определени личности и објекти

Целта на нашето работење е унапредување на стандардите на професионалното работење на сите вработени во министертството. Одделот за заштита на определени личности и објекти има свој специфичен делокруг на работни ангажмани и задачи и Министерството е должно да поведе сметка за сите аспекти од нивното работење. Пред нас како министерство престојат уште многу задачи за решавање, уште многу активности не само во поглед на техничко-материјалните услови за работа, туку и во поглед на стручното, организационото и системско унапредување на работата на Министерството. Имаме јасна визија и продолжуваме со нејзина реализација.

Премиерот Заев на свеченото отворање на автопатот Демир Капија – Смоквица: Овој автопат поврзува, и води кон ЕУ

Официјално отворен автопатот Демир Капија – Смоквица, новата автопатска делница, која е во рамки на коридорот 10, е дел од вкупните вложувања на Европската Унија во транспортната инфраструктура на земјата, кои во изминатите неколку години достигнаа речиси 325 милиони евра.