Премиерот Заев во посета на Неготино, Кавадарци и Демир Капија по повод традиционалното одбележување на празникот на винарите и лозарите

Во среда, 14.02.2018 година,  претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделстсво, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и советничката за земјоделски политики, Ленче Николовска, ќе присуствува на манифестациите кои што  се одржуваат во Кавадарци и Неготино, по повод традиционалното одбележување на празникот на лозарите и винарите.

Заедно со градоначалникот на Неготино, Тони Делков, утре (среда), во 12:20 часот, на плоштадот во Неготино, премиерот Зоран Заев и министерот Љупчо Николовски ќе дадат изјави за медиумите.

Во рамки на посетата на овој регион, претседателот на Владата, Зоран Заев ќе се сретне и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев (10:30 часот) и со градоначалникот на Неготино, Тони Делков (11:30 часот). Премиерот Заев ќе разговара со граѓаните и земјоделците од овој крај, а ќе посети и неколку винарии.

Календар Влада: 
E mërkurë, Shkurt 14, 2018 - 00:00 to 23:45