Информација за состојбата во Охридско-струшкиот регион

По невремето кое што го зафати Охридско-Струшкиот регин, информираме дека во овој момент состојбата е нормализирана.

Надлежните субјекти целосно ја следеа состојбата, согласно насоките кои претходно беа договорени, и по престанување на невремето, пристапено е кон санирање на последиците и причинетата штета.
Најпогодена беше крајбежната линија на потегот од населба Канео до централното градско подрачје во Охрид, а во Струга, во делот од машка и женска плажа.

Испуштањето на водите од Охридско езеро преку р. Црн Дрим е со постојана координација со ЕЛЕМ и покрај прелевањето на акумулацијата Глобочица по течението на р.Црн Дрим, нема опасности за причинување на штета на патот Струга-Дебар.

Нивото на реките на Сатеска и Коселска е со благ пораст во однос на претходните денови, но нема опасност од преливање.

До овој момент на 195 нема пријави за причинета штета (поплави , пад на дрвја и сл)
Во однос на функционирање на останатата инфраструктура (колектор, водоснабдување, електроснабдување), не се забележани прекини.