Известување за неработен ден за сите граѓани во Република Македонија (24 мај, Св. Кирил и Методиј)

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2018 година, четврток, „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.   

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита празникот.