Министерство за локална самоуправа

Веб-страница: 
Телефон: 
+389 2 3106 302
Адреса: 
„Даме Груев“ број 14, Скопје
Министер: 

Министерството за локална самоуправа ги врши работите што се однесуваат на:

  • следењето на развојот и предлагањето мерки за унапредување на локалната самоуправа;
  • следењето на состојбата за територијалната поделба и развивање стандарди за големината, населението и потребите на единиците на локалната самоуправа;
  • предлагањето на системот, политиката, мерките и инструментите за остварување порамномерен регионален развој и за поттикнување на развојот на стопански недоволно развиените подрачја;
  • остварувањето и користењето на средствата наменети за стопански недоволно развиените подрачја;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон.