Буџет на Владата на Република Македонија - 2017 година

ВКУПЕН БУЏЕТ: 1.787.387 илјади денари

ОПИС И ЦЕЛИ ЗА 2017 ГОДИНА

Владата на Република Македонија ја утврдува економската и развојната политика на државата, утврдува мерки за нејзино остварување и му предлага мерки на Собранието за остварувањето на политиките што се од негова надлежност, ја утврдува политиката на звршување на законите и другите прописи на Собранието, го следи нивното извршување, врши координација на процесот на стратешкото планирање на централно ниво и негово усогласување со буџетскиот процес и врши други работи утврдени со закон.

Активностите на Владата на Република Македонија во 2017 година како буџетски корисник се во согласност со утврдените стратешките приоритети за зголемување на економскиот раст, обезбедување на повисоки стапки на вработеност, пораст на животниот стандард и поквалитетен живот за граѓаните, интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО, одржување на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување, инвестирање во образованието, иновациите и информатичката технологија како  лементи на општество базирано на знаење. 

ИНДИКАТОРИ:
Број на вработени: 451
Оперативни расходи по вработен (во илјади денари): 842

Тековен буџет:

Изминати буџети:

 

Во продолжение можете да го погледнете и преземете Буџетот на Република Македонија за 2017 година.

 

Вкупни приходи 187.612.000 (во илјади денари)
изворни приходи 178.262.000 (во илјади денари)
капитални приходи 2.613.000 (во илјади денари)
донации 6.737.000 (во илјади денари)
   
Вкупни расходи 206.219.000 (во илјади денари)
утврдени намени 206.069.000 (во илјади денари)
резерви  150.000 (во илјади денари)
   
Дефицит 18.607.000 (во илјади денари)
   
Приливи 37.133.000 (во илјади денари)
   
Одливи 18.526.000 (во илјади денари)