Каја Шукова

Функција: 
Министерка за животна средина и просторно планирање
Е-пошта: 
KABINET-MOEPP@moepp.gov.mk
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Каја Шукова е дипломирана инженерка-технолог. Родена е на 1 јануари 1970
година во Скопје.

Дипломира во 1995 година на Технолошко-металуршки факултет, на одделот
Прехранбена биотехнологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Поголемиот дел од нејзината професионална кариера го поминува во областа на
животната средина, урбанизмот и градежништвото.

На функција министер преминува од функцијата државен секретар во
Министерството за животна средина и просторно планирање, каде претходно
била раководител на сектор за одржлив развој и инвестиции и советник во
Одделението за подготовка на проекти во Секторот за одржлив развој. Во ова
министерство работела и како советник во Секторот за меѓународна соработка, а
била ангажирана и во Одделението за еко-менаџмент.

Првиот работен ангажман во животната средина го бележи во некогашното
Министерството за градежништво, урбанизам и животна средина во периодот
ноември 1998 година до јануари 1999 година, што значи од самото формирање на
министерството.

Професионалните предизвици ги бележи и во приватниот сектор. Работела во
неколку компании, како Пивара Скопје, каде била ангажирана како погонски
инженер, одговорна за производство на пиво и безалкохолни пијалоци, а работела
и во МОТО ТРЕЈД-Скопје и АИВА БЕК-Скопје.

Освен македонскиот јазик, активно го зборува англискиот јазик и има познавања и
од германскиот јазик.

Има исклучителни познавања од областа на проектен менаџмент и управување и
планирање на животната средина. Учествувала во подготовка на законски акти,
хармонизација и процес на скрининг и преговори со ЕУ. Нејзините клучни квалификации
се од областа на управување со животната средина во насока на одржлив развој и
заштита на воздух, води, почви и природни ресурси од загадување. Потоа, развивање на
политики, програми и проекти од областа на животна средина и одржлив развој, како и
координација на институционални и инфраструктурни проекти од областа животна
средина, со особен акцент на управување со води и отпад; координација на
институционални проекти од сегментот одржлив развој во Северна Македонија, како и
подготовка на работни задачи, тендерски досиеја, анализи, извештаи и останати работни
документи од областа животна средина и фасилитирање на работилници, семинари,
обуки, јавни дебати и сл.

Во нејзината професионална кариера завршила повеќе обуки и успешно реализирала
бројни проекти и активности од областа на животната средина.

Листата на тековни лидерски позиции во проекти во кои учествува Шукова е огромна. Таа
е копретседател на Поткомитет за транспорт, енергетика, регионален развој и животна
средина; член на Комитет за европски интеграции; претседател на Управен комитет на
Програмата за заштита на природата, SECO, Swiss; член на Координативно тело при Влада
на Република Северна Македонија за Преспа. Вклучена е во координирање на проект за
воспоставување на регионално управување со отпад во 5 региони во Југоисточен,
Вардарски, Пелагониски, Југозападен и Полошки регион; во утврдување на потенцијална
помош во областа животна средина од донатори и фондации; имплементација на
предпристапна помош на ЕУ - ИПА - процес на програмирање и имплементација на ИПА 2
и ИПА 3, како и во многубројни други проектни активности на национално и меѓународно
ниво.

Линк до комплетната биографија: https://bit.ly/3l9GeFS