Кренар Лога

Функција: 
Министер за правда
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Кренар Лога е роден на 25 февруари 1984 година во Струга.  Основното и средното училиште ги завршува во родниот град. Дипломира на Правниот факултет на Југоисточна Европа во Тетово, Република Северна Македонија во 2006 година.

Од 2008 до 2011 година завршил и Магистерски студии по Дипломатија при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Република Северна Македонија.

Од 2015 до 2016 година добил Уверение за положен правосуден испит од Министерство за правда во Скопје, Република Северна Македонија.

Професионалната кариера ја започнува во 2003 година како ИТ Демонстратор при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, РСМ каде што работел до 2004 година.   
Потоа продолжува од 2006 до 2007 година како советник за правни работи  во ДООЕЛ “ Фиторе“ во Струга, РСМ.

Од 2007 до 2008 година работи на позиција заменик директор во Управа на финансиска полиција, Влада на РСМ, во Скопје.

Од 2009 до 2010 година работи како советник за правни работи во Општина Тетово, РСМ.

Во 2013 година ја добива функцијата шеф на кабинет, советник за правни работи во Општина Струга, РСМ.

Од 2014 до 2017 година работи како секретар на општина во Општина Струга, РСМ.

Од 2017 до 2019 година работи како раководител на сектор за правни прашања и општи работи во Општина Струга, РСМ.

Од 2019 до 2021 година ја добива функцијата раководител на сектор за управување со човечки ресурси во Државно правобранителство на Република Северна Македонија.

Во периодот од 2020 до 2021 година работи како извршен директор во Институтот за јавна политика “Арбен Џафери“.

Од јануари 2021 година до февруари 2023 година ја извршува функцијата член на Државната изборна комисија.

Во февруари 2023 година ја презеде функцијата министер за правда.
 
Мајчин јазик му е албански и зборува течно македонски, англиски и италијански. Оженет е, татко на едно дете.