Насер Нуредини

Функција: 
Министер за животна средина и просторно планирање
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

 

Насер Нуредини е роден на 23 септември 1979 година во Тетово.

Кон средината на 80-тите години се преселил во Виена и се образувал на Виенската меѓународна школа. Високото образование го продолжил во Германија и Обединетото Кралство. Дипломирал на насоката меѓународен бизнис на Универзитетот во Мајнц и на Универзитетот во Брајтон.

Насер Нуредини ја гради својата кариера во областа на финансиите во Лондон и Виена, прво како аналитичар, а потоа и како инвестициски менаџер за пазарите во Централна и Источна Европа.

Кариерата ја започнува во 2004 година во Виена како економски аналитичар, за веќе следната година работниот ангажман да го продолжи во Лондон. Од 2005 до 2012 година работи како аналитичар за истражување на пазарот на капитал за листирани финансиски компании и недвижности во Источна Европа, потоа ја зазема позицијата заменик-претседател за менаџирање на инвестиции во Источна Европа во Уникредит банката, од каде преминува во ИНГ банката каде е назначен за директор за инвестиции на листирани корпорации на пазарот на Источна Европа.

Од 2013 година неговиот работен ангажман продолжува повторно во Виена, како консултант и менаџер. Неговата главна цел во овој период е привлекување на квалитетни, чисти и зелени инвестиции во регионот во кој живее, при што неговото меѓународно искуство  ја игра улогата на мост помеѓу Западна и Источна Европа.

Нуредини од јуни 2019 година ја извршува функцијата Министер за животна средина и просторно планирање. На парламентарните избори во 2020 година е избран за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. Од 30 август 2020 година повторно e назначен да раководи со ресорот животна средина и просторно планирање.

Зборува албански, македонски, српски, англиски, германски и италиjански јазик.

Учествува во хуманитарни активности на организации за борба против рак, како и за помош на деца со попреченост.

Насер Нуредини е оженет и е татко на едно дете.

Мандатно писмо на Насер Нуредини