Заменик генерален секретар на Владата

 

Тахир Хани е заменик на Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија.

Тахир Хани е роден на 15 декември 1961 година во с. Велешта Струга, каде и завршил основно и средно образование. Дипломирал на Државниот Универзитет во Тетово на правен факултет.

Тахир Хани бил активист за националната кауза во времето на Поранешната Југословенска Федерација и се борел за еднаквост на Албанците во овој регион.

Тахир Хани како студент на Приштинскиот Универзитет во периодот 1982/85 беше ангажиран во илегалното движење за Република Косово.

На 6-ти ноември 1985 година, тој беше уапсен и по истрагите на Апелациониот суд во Битола,беше осуден на 13 години затвор.

По ослободувањето од затвор во 1990 година, Тахир Хани продолжи со своите  активности, посветени на целосната еднаквост на Албанците во Република Северна Македонија, како и реализацијата на аспирациите за независноста на Република Косово.

Член е на централното раководство на Демократската Унија за Интеграција од 2002 година, задача која продолжува да ја обавува.

Во периодот 2000-2005г, ја обавуваше функцијата градоначалник на општина Велешта.

Од 2005 до 2006 година бил директор на ЈКП за Хигиена во Општина Струга.

Неговиот придонес ќе го продолжува како пратеник во мандатите на 2006-2008 и 2008-2011, каде што на мандатот 2008-2011 година ќе ја изврши  задачата  Координатор на пратеничката група на Демократската Унија за Интеграција.  

Во јули 2012 година беше назначен за заменик-министер на Министерството за Транспорт и Врски на Република Северна Македонија.  

Од февруари 2013 до јули 2014 година ја извршуваше функцијата министер во Министерството за Локална Самоуправа.

Bo 20-06-2014 година е назначен како Заменик Генерален Секретар во Владата на Република Северна Македонија.

Во 03-04- 2018 година е назначен како Заменик Генерален Секретар во Владата на Република Северна Македонија.