Бисера Костадиновска Стојчевска

Функција: 
Министерка за култура
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Бисера Костадиновска Стојчевска е родена на 20 февруари 1986 година во Битола. Докторирала на Педагошкиот факултет, УКЛО – Битола, англиски јазик.

Од 2009 до 2012 година e избрана за лектор по англиски јазик и држи предавања по предметот Англиски јазик на Педагошкиот факултет во Битола. 

Од 2011-2012 година била предавач по англиски јазик во Агенцијата за електронски комуникации во Битола.

Како пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија членувала во неколку комисии: Комисијата за образование, наука и спорт, Kомисијата за труд и социјална политика и Комисијата за европски прашања.

Била член на делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Изминатите години била член на неколку пратенички групи: Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Белгија, Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Членувала и во Пратеничка група за соработка со Парламентот на Унгарија, како и во Пратеничката група за соработка со Парламентот на Чешката Република.