Љупчо Николовски

Љупчо Николовски е роден на 20.08.1983 година во Крива Паланка. Дипломирал на Правниот факултет Јустинијан Први при УКИМ во Скопје, насока финансиско право во 2007г.
Со дипломата - специјалист по политички менаџмент се стекнал на Нов Бугарски Универзитет, бугарски факултет за политики и Совет на Европа.
Николовски е овластен претставник за заштита на правата на индустриска сопственост пред Државниот завод за индустриска сопственост од 2012 г.
Магистрант е на програмата за Административно право и Јавна администрација на Правниот факултет Јустинијан Први при УКИМ Скопје .
Во периодот од 2009 - 2011 работи како консултант и секретар за корпоративно управување во Институтот за директори Скопје, како консултант во „AAG, Analysis and Advisory Group“, со фокус на човечки ресурси и деловно право, ЕУ фондови и финансирање.
Од февруари 2014 ја врши функцијата шеф на кабинет на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Од 15-ти ноември 2015 до 30-ти Декември 2016 г. е дополнителен заменик министер во Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Македонија.
Во јуни 2017 стапи на функцијатата министер за Земјоделство, шумарство и Водостопанство во Владата.
Во јули 2019 е назначен за генерален секретар на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.
Од 4 август до изборот за заменик на претседателот на Владата на РСМ, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси е пратеник во Собранието на РСМ.
Во јануари 2022 стапи на функцијатата министер за Земјоделство, шумарство и Водостопанство во Владата.
Николовски е Член на Унијата на правници на Република Македонија, Член на Македонската Унија на Млади Правници, член на Македонската Комора на Правници, и Ambassador of Knowledge - Life learning Academia - Organization for Certification and Professional Knowledge Process Management – Љубљана, Словенија.
Течно говори англиски и италијански јазик.