Јавен повик за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година

MK
Институција која огласува: 
Влада на Република Македонија
Рок на пријавување: 
10.12.2018

Врз основа на член 18а од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.207/18), Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат објавува:

Ј А В Е Н  П О В И К

за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година

 

I.ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е реализација на средствата утврдени согласно Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.218/18) (во натамошниот текст: програмата), дел I став (2).

II.ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавниот повик имаат печатените медиуми од општ информативен карактер кои објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања, регистрирани на територијата на Република Македонија.

III. ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА УЧЕСНИКОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК Е ДОЛЖЕН ДА ЈА ДОСТАВИ

Учесниците на јавниот повик за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година се должни да достават:

  • Пополнет образец на барање;
  • Фактури од направените трошоци за печатење и фактури за направените трошоци за дистрибуција на печатениот медиум за календарската 2017 година; 
  • Потврда од Управата за јавни приходи за платени јавни давачки за 2017 година, согласно закон;
  • Потврда дека не е отворена постапка за стечај издадена од надлежен орган;
  • Потврда дека не е отворена постапка за ликвидација издадена од надлежен орган;
  • Потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не мy e изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
  • Потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не мy e изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • Потврда дека со правосилна пресуда нe мy e изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност;
  • Потврда за регистрирација на печатениот медиум во Регистерот на издавачи на печатени медиуми од Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми;
  • Писмена Изјава заверена кај нотар на одговорното лице на подносителот на барањето дека печатениот медиум печател и дистрибуирал на пазарот најмалку три години до денот на објавувањето на Јавниот повик;
  • Писмена Изјава заверена кај нотар на одговорното лице на подносителот на барањето дека печатениот медиум последните три години до денот на објавувањето на Јавниот повик во континуитет се продавал на пазарот по цена од минимум 10 денари за националните дневни весници, минимум 10 денари за локалните неделници и минимум 50 денари за националните неделници и
  • Може да поднесе и ревизорски извештај за календарската 2017 година.

Кон барањето се приложува и изјава дека барателот под морална, материјална и кривична одговорност гарантира за точноста и веродостојноста на наведените податоци во барањето и за поднесената документација.

IV. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Пополнетиот образец на барање се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот заедно со потребната документацијата согласно дел III од овој Јавен повик.

Еден корисник може да поднесе само едно барање за користење на средствата од програмата.

Барањето со комплетираната документација се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Влада на Република Македонија – Генерален секретаријат, Бул. Илинден бр.2, 1000 Скопје или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува “НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „За поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година“. 

Барањата кои нема да ги содржат бараните податоци на овој Јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.

V. РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Јавниот повик ќе трае десет дена од денот на неговото објавување во дневните весници, заклучно со 10.12.2018 година.

Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

VI. ПОСТАПКА И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА КОРИСНИЦИ И ОДОБРУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Постапката за избор на корисниците на средствата согласно програмата ја спроведува комисија формирана од страна на Генералниот секретаријат, врз основа на доставените барања и комплетната документација, а согласно следните критериуми:

  • Печатените медиуми да имаат подмирени јавни давачки за календарската 2017 година;
  • Да немаат отворена постапка за стечај;
  • Да немаат отворена постапка за ликвидација;
  • На печатениот медиум да не мy e изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
  • На печатениот медиум да не мy e изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • На печатениот медиум да не мy e изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност;
  • Печатените медиуми да се регистрирани во Регистерот на издавачи на печатени медиуми во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми;
  • Печатените медиуми да се печателе и дистрибуирале на пазарот најмалку три години до денот на објавувањето на Јавниот повик и
  • Печатените медиуми последните три години до денот на објавувањето на Јавниот повик во континуитет да се продавале на пазарот по цена од минимум 10 денари за националните дневни весници, минимум 10 денари за локалните неделници и минимум 50 денари за националните неделници.

Висината на одобрената поддршка ќе биде дефинирана со договор потпишан помеѓу Генералниот секретаријат и избраните корисници врз основа на Записник за евалуација и Извештај на одобрени барања.

VII. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА

Поддршката за печатење и дистрибуција на печатените медиуми ќе се врши од предвидените средства од дел I став (2) од програмата такашто ќе се доделат на печатените медиуми кои се издаваат на македонски јазик во висина од 50% за направените трошоци за печатење и во висина од 50% за направените трошоци за дистрибуција, а на печатените медиуми кои се издаваат на јазиците на етничките заедници во висина не помалку од 50%  но не повеќе од 70% за направените трошоци за печатење и во висина не помалку од 50% но не повеќе од 70% за направените трошоци за дистрибуција, согласно доставените фактури за календарската 2017 година, а во зависност од бројот на поднесените барања.

VIII. ПРИЛОЗИ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Барањето може да преземете долу на оваа страница.

IX. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За дополнителни информации барателите може да се обратат до Кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност на телефон 02/ 3123 371.