Јавен конкурс за поддршка на Проект на здружение за индивидуален третман на корисници во Дневен центар за деца со попреченост во менталниот или телесниот развој

Institucion: 
Министерството за труд и социјална политика
Рок на пријавување: 
15.02.2019

Врз основа на член 158 и член 159 од Законот за социјалната заштита (“Сл.весник на РМ“ бр. 79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16, 163/17 и 51/18)  и Правилникот за начинот и постапката за доделување на средства на здруженија на граѓани за вршење на одредени работи од областа на социјалната заштита (“Сл.весник на РМ“ бр.24/05 и 38/07), Министерството за труд и социјална политика, објавува

 

ЈАВЕН КОНКУРС
за поддршка на Проект на здружение  за индивидуален третман на корисници во Дневен центар за деца со попреченост во менталниот или телесниот развој

1. Цел на проектот
Зајакнување на мрежата за социјална поддршка на децата со попреченост во менталниот или телесниот развој и нивните семејства во локалната заедница, подобрување и промовирање на подобри стандарди на живот на оваа категорија на граѓани и подобрување на социјалните права и слободи.

2. Активности
Обезбедување дневно згрижување, индивидуален третман, работно-производна активност, работна терапија, психосоцијална рехабилитација и други активности ( реедукација и стекнување вештини за осамостојување и социјализација)  на деца со  умерени и тешки пречки во менталниот или телесниот развој.

3. Критериуми за учество
-  минимум три години  работно  искуство во работа на проблемот на деца со попреченост во менталниот или телесниот развој ;
- расположливи човечки, просторни и технички ресурси, согласно  Законот за социјална заштита (“Сл.весник на РМ“ бр. 79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16, 163/17 и 51/18)  и Правилникот за начинот и постапката за доделување на средства на здруженија на граѓани за вршење на одредени работи од областа на социјалната заштита (“Сл.весник на РМ“ бр.24/05 и 38/07); и
- да не добиле средства или поднеле пријава за добивање на средства од/до друг орган на државната управа или единици на локалната самоуправа за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори

4. Потребни документи
- пријава;
- Предлог- проект со детален опис на активностите со конкретен работен план за имплементација и период на реализација на проектот, со кои ќе се обезбеди реализација на предвидените цели, активности и услуги дефинирани во јавниот конкурс;
- детална финансиска структура на активностите во рамките на вкупните средства кои се предвидени за реализација на проектот;
- регистарски број и број на решението на здружението, издадено од Министерството за труд и социјална политика;
- полн назив и адреса на останатите субјекти со јасно дефинирани активности  во текот на реализација на проектот;
- број на трансакциска сметка на здружението;
- список со име и презиме на лицата кои ќе бидат ангажирани во реализација на проектот, како и нивната квалификациона структура и нивното професионално искуство (биографија на лицата);
- име и презиме и податоци за контакт на одговорното лице за реализација на проектот;
- изјава на одговорното лице за реализација на проектот дека не добиле средства или поднеле пријава за добивање на средства од/до друг орган на државната управа и од единици на локалната самоуправа за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава.

Напомена:  Пријавите со непотполна документација нема да се разгледуваат   
           
5. Висина и средства кои се доделуваат и временскиот период во кој ќе се извршуваат работите
- Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди финансиска поддршка во износ од 300.000,00 денари (триста илјади денари), за реализација на активностите во периодот од склучување на договорот заклучно со 31.12.2019 година;
- останатите трошоци за имплементација на проект треба да ги покрие здружението кое ќе биде избрано;
- финансиската поддршка на проектот ќе започне по завршување на целокупната постапка по јавниот конкурс; и
- во предлог-проектот задолжително треба да се наведе износот и видот на средствата кои ќе ги обезбеди здружението за имплементација на проектот.

6. Селекција и избор на најдобриот Проект
- селекцијата и изборот ќе се врши согласно Правилникот за начинот и постапката за доделување  на средства на здруженијата на граѓани за вршење на одредени работи од областа на социјалната заштита (“Сл.весник на РМ“ бр.24/05 и 38/07) и согласно Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија и фондации утврден од Владата на Република Македонија;
- ќе се смета за предност доколку се обезбеди соработка со локалната самоуправа,  како носител на социјалната заштита согласно член 3 од Законот за социјална заштита (“Сл.весник на РМ“ бр. 79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16, 163/17 и 51/18).  

7. Рокови за спроведување на постапката
- конкурсот трае 10 дена од денот на објавувањето;
- крајниот рок за доставување на апликациите е до 16 часот на последниот ден на конкурсот;
- Комисијата за соработка со здруженијата во рок од 30 дена по истекот на рокот за поднесување на пријавите изготвува мислење до министерот за труд и социјална политика;
- Министерот за труд и социјална политика во рок од 10 дена по доставувањето на мислењето од страна на Комисијата за соработка со здруженијата, донесува решение за доделување на средствата и писмено ќе ги информира сите апликанти за крајниот резултат;
- договорот за меѓусебните права, обврски и одговорности во реализацијата на финансиската поддршка на здружението, Министерот за труд и социјална политика ќе го склучи во рок од 15 дена од денот на правосилноста на решението за доделување на средствата; и
- пријавата со приложените документи треба да се достават до архивата или преку пошта на Министерството за труд и социјална политика на адреса ул.“Даме Груев“ бр.14-Скопје-Kомисија за соработка со здруженија, во затворен плик, со назнака за Јавниот конкурс за поддршка на Проект на здружение за индивидуален третман на корисници во Дневен центар за деца со попреченост во менталниот или телесниот развој.

Напомена: Пријавите кои ќе пристигнат по предвидениот рок за доставување нема да се разгледуваат.

Здруженијата кои ќе бидат поддржани од страна на Министерството за труд и социјална политика, имаат обврска на сите материјали (печатени и електронски) кои ќе бидат продуцирани во рамки на тој проект на видно место да стои:

Поддржано од:
Република Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА