Премиерот Заев по повод 24 јуни – Ден на балканските Еѓипќани: Египќаните во Северна Македонија, со својата богата традиција, активно придонесуваат во достигнувањата и развојот на државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, во негово, и во име на Владата, денеска упати честитки до сите граѓани на нашата земја кои денеска го одбележуваат 24 јуни - Ден на балканските Египќани. 

Во честитката премиерот Заев вели дека Египќаните во Северна Македонија се дел од богатата историска и културна традиција, кои и денес активно придонесуваат во демократските процеси, достигнувањата и развојот на државата. Од оваа година во Собранието на Република Северна Македонија, за прв пат во историјата има и пратеник припадник на оваа заедница, што најсликовито говори дека во нашата држава секој граѓанин, припадник на било која заедница, има можности по демократски пат да учествува во јавните политики и во процесот на донесувањето на одлуките.

Почитувањето на етничкиот идентитет и правата на оваа заедница е во согласност со стратешката определба на Владата на  Република Северна Македонија, да ја гради земјата според концептот  на Едно општество за сите, со еднакви можности за сите граѓани на Републиката и општеството без дискриминација, истакнува во честитката премиерот Заев.

„Повикувам да продолжиме уште помотивирано да ги развиваме меѓусебните односи и преку унапредувањето на човековите и демократските вредности, правдата, еднаквоста, слободата, оштествената кохезија, и одговорно - како чесни граѓани, заеднички да придонесеме кон квалитетен живот и сигурна евро-атланстка иднина на Република Северна Македонија“, се вели во честитката на Претседателот на Владата на РСМ Зоран заев по повод 24 јуни – Денот на балканските Еѓипќани.