Премиерот Спасовски се сретна со кандидатот на амбасадор на нашата земја во Катар, Јашари

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, се сретна со Шабан Јашари, кандидатот за амбасадор од нашата држава во Доха, Катар.

На средбата е разговарано за можностите за соработка со државата Катар на економски план, со оглед дека од таму, како што информираше амбасадорот Јашари, постои интерес за инвестиции во нашата држава, посебно во областа на земјоделството.

Премиерот Спасовски му честиташе на амбасадорот Јашари за назначувањето на позицијата.