ЈАВЕН ПОВИК за организирање на авионски превоз за државјаните на Република Северна Македонија во странство кои сакаат да се вратат во земјата

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
09.04.2020

I. ПРЕДМЕТ Предмет на овој јавен повик е организирање авионски превоз за пренесување на македонските граѓани на територија на Република Северна Македонија, по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство. II. ДЕСТИНАЦИИ ЗА ЧАРТЕР ЛЕТОВИ - Скопје – Стокхолм – Копенхаген - Ајндховен – Скопје (180 патници) и - Скопје – Венеција – Скопје (180 патници – два авиона). Летот Скопје-Стокхолм-Копенхаген-Ајндховен-Скопје треба да биде организиран на 12.04.2020 година (недела). Летовите Скопје – Венеција – Скопје треба да бидат организирани на 14.04.2020 година (вторник). III. ПРАВО НА УЧЕСТВО Право на учество има секоја авио компанија или туристичка агенција која ќе организира чартер летови од градовите во Европа до Република Северна Македонија. IV. КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР - Критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена. Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор. V. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА Понудите да се достават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на следната е-маил адреса: gs@gs.gov.mk. VI. РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ Крајниот рок за доставување на понудите е 09.04.2020 година до 12:00 часот. Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани. VII. ПОДМИРУВАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ ОД СТРАНА НА ПАТНИЦИТЕ Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата на Република Северна Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Република Северна Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена. Лицата ќе бидат превземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин. Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор. Враќањето на средствата треба да го извршат на образец ПП-50 во кој треба да ги внесат следните податоци: Назив на примач: Буџет на Република Северна Македонија Транс.сметка 100 000000063095 Сметка на корисник 630010001963019 Приходно конто 725939 00 Во цел на дознака: Враќање средства на сметка 040010007863713, расходно конто 420220 потпрограма 10. Договорот помеѓу патниците и Владата на Република Северна Македонија, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна. VIII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИИ За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат на телефон