Оздравени од КОВИД-19 две лица од Штип кои се лекуваа во домашни услови

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица од Штип оздравени од Ковид-19, кои со лесна слика на болеста беа на домашно лекување, а под постојан надзор на лекарскиот тим од болницата во Штип.

Кај овие лица, согласно протоколот, беа направени два контролни теста и истите покажаа негативен резулат на коронавирусот.

Во моментов во болницата во Штип од ковид-19 се лекуваат 4 пациенти, а Штипската болница следи уште 14 пациенти со лесна форма на болеста кои се на домашно лекување.