Денеска се регистрирани 168 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 7572, оздравени се 70 пациенти – починати се 3 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-83, Куманово-8, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-26, Струга-5, Битола-2, Охрид-8, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица од: Скопје-48, Тетово-18, Велес-1, Гостивар-1, Кочани-1, Ресен-1.

Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден постмортем.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572,  бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586. Од вчерашните тестови два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 3656, активни 1928
•       Куманово 818, активни 179
•       Дебар 120, активни 67
•       Штип 411, активни 166
•       Прилеп 289, активни 58
•       Тетово 831, активни 351
•       Струга 288, активни 187
•       Велес 198, активни 36
•       Битола 65, активни 24
•       Охрид 218, активни 189
•       Кавадарци 22, активни 15
•       Гостивар 188, активни 115
•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 18, активни 10
•       Крива Паланка 18, активни 12
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 8, активни 4
•       Кочани 76, активни 17
•       Пробиштип 30, активни 19
•       Демир Хисар 3, активни 2
•       Македонски Брод 7, активни 5
•       Пехчево 6, активни 2
•       Берово 3, активни 0
•       Валандово 6, активни 2
•       Виница 4, активни 1
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 6, активни 3
•       Свети Николе 58, активни 51
•       Кичево 58, активни 49
•       Ресен 129, активни 88
•       Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1470 теста се преку: ИЈЗ-684, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-112, Биотек-112, МАНУ -121, Жан Митрев (Филип Втори) -235, Систина со PCR метода -150, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-19. Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. 

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 360
•       Аеродром - 166
•       Бутел - 156
•       Гази Баба - 210
•       Центар – 156
•       Карпош – 153
•       Сарај – 140
•       Кисела Вода – 114
•       Ѓорче Петров – 111
•       Студеничани – 121
•       Шуто Оризари – 89
•       Арачиново – 46
•       Илинден – 34
•       Петровец – 18
•       Чучер Сандево – 18
•       Сопиште – 7
•       Зелениково- 13
•       Странец – 5
•       Нераспределен- 11