Јавен Оглас за именување заменик на директорот на Управата за финансиска полиција

Институција која огласува: 
Влада на Репблика Северна Македонија
Рок на пријавување: 
05.11.2020

Врз основа на член 9 од Законот за финансиската полиција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 12/2014, 43/2014, 33/2015, 27/2016, 83/2018 и 198/2018), Владата на Република Северна Македонија објавува:

Јавен Оглас за именување заменик на директорот на Управата за финансиска полиција

 

  1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува заменик на директорот на Управата за финансиска полиција, на предлог на министерот за финансии, за време од четири години.
  2. За заменик на директорот на Управата за финансиска полиција може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
    • е државјанин на Република Северна Македонија;
    • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана на вршење на професија, дејност или должност;
    • има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
    • има минимум пет години работно искуство;
    • поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (APTIS) - најмалку ниво Б2 (B2)
  3. За заменик на директорот на Управата за финансиска полиција може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк.
  4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    • Пријава по оглас - преземи тука;
    • Кратка биографија;
    • Мотивациско писмо; 
    • План и програма за идна работа;
    • Уверение за државјанство; 
    • Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана на вршење на професија, дејност или должност;
    • Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
    • доказ дека има минимум пет години работно искуство;ѓ
    • меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (APTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
  5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување заменик на директорот на Управата за финансиска полиција “.  
  6. Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела)
  8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018 и 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020,  29/2020, 237/2020 и 245/2020).
  9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 работни работни дена, сметано од  денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  10. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.
  11. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.