Премиерот Ковачевски ќе го пречека потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел во Владата на Република Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на 29 ноември 2023 година (среда) во Владата на Република Северна Македонија, во 19:00 часот ќе го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел во пресрет на одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.

Според агендата, предвидена е билатерална средба на премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската комисија, Борел.

На билатералната средба ќе присуствуваат и заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

Премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската комисија Борел, во 19:15 часот во Медија центарот на Владата ќе дадат изјави за медиумите. Новинарски прашања не се предвидени.

Линкови за следење во живо:

Изјави на премиерот Ковачевски и потпретседателот на ЕК, Борел

Statements of PM Kovachevski and EC VP Borrell

Deklarata të Kryeministrit Kovaçevski dhe nënkryetarit të Komisionit Evropian,Borell