Средба на министерот Попоски со амбасадорот на Република Бугарија, Иван Петков

Денеска, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, министерот за надворешни работи Никола Попоски го прими амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Иван Петков.

На средбата, министерот Попоски ја реафирмираше определбата на  Република Македонија за изградба на заедничка европска иднина со Република Бугарија, базирана на европски принципи и вредности, со почитување на меѓусебните чувствителности, што меѓу другото, се потврдува и со последната коресподенција меѓу двајцата министри за надворешни работи.

Нагласувајќи дека стратешки интерес на Република Македонија и на регионот во целина е интеграцијата во евро-атланските структури, министерот Попоски потенцираше дека  изнесените предлози и иницијативи од министерот Младенов се одлична база за градење на добрососедски односи. Оцени дека ова е исклучително значајно од аспект на политичките водства во двете земји и можноста за создавање посуштинска основа која се базира на конкретни проекти во области од заеднички интерес.