Јавен оглас бр.03/2024 за именување на директор на Управата за наменско производство

Institution: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
19/01/2024

Врз основа на член 15 од Законот за развој, производство и промет на воени стоки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.298/2021), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.03/2024
за именување на директор на Управата за наменско производство

1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Управата за наменско производство, со мандат од четири години со можност за повторен избор.

2. За директор на Управата за наменско производство може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следниве услови:
   1) да е државјанин на Република Северна Македонија;
   2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
   3) да има завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
   4) да има минимум пет години работно искуство;
   5) да поседува потврда за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
   6) да поседува еден од следните меѓународно признати сертификати за активно познавање на англискиот јазик, не постар од пет години:
    - ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) најмалку 74 бода,
    - ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
    - ИЛЕЦ (ILEC) (CambridgeEnglish: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
    - ФЦЕ (FCE) (CambridgeEnglish: Frist) – положен,
    - БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
    - АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).

3. За директор на Управата за наменско производство, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/strategii/prijava_za_oglas_1_2.pdf

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/strategii/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1_3_0_1.docx

4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
   1) Пријава по оглас;
   2) Кратка биографија;
   3) Мотивациско писмо;
   4) План и програма за идна работа;
   5) Уверение за државјанство; 
   6) Доказ дека во во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
   7) доказ дека има завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
   8)  доказ дека има има минимум пет години работно искуство;
   9) потврда за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
   10) меѓународно признат сертификат за активно познавање на англискиот јазик, не постар од пет години:
    - ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) најмалку 74 бода,
    - ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
    - ИЛЕЦ (ILEC) (CambridgeEnglish: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
     - ФЦЕ (FCE) (CambridgeEnglish: Frist) – положен,
     - БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
     - АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).

5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Управата за наменско производство“.

6. Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.

7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела)

8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018, 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021, 152/2021, 38/2022, 102/2022, 168/2022, 213/2022, 78/2023 и 277/2023).

9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија. 

11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.