Оглас бр.04/2024 за именување на еден државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачје Струга
Врз основа на член 18 став 3, член 19 и член 20 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2007 и 104/2015), а во врска со Одлуката за определување на бројот на државните правобранители во Државното правобранителство на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.3/2008 и 215/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 178/2019), Владата на Република Северна Македонија распишува
ОГЛАС бр.04/2024
за именување на еден државен правобранител во Државното правобранителство
на Република Северна Македонија за подрачје Струга
1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува еден државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија, за подрачје Струга, по претходно прибавено мислење од државниот правобранител, без ограничување на мандатот.
2. За државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија, за подрачје Струга, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да е дипломиран правник со работно искуство на правни работи најмалку пет години по положен правосуден испит и
- да ужива углед за вршење на функцијата.
3. При изборот на државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија, за подрачје Струга, Владата на Република Северна Македонија ќе ја има предвид соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во Република Северна Македонија.
4. Функцијата државен правобранител е неспојлива со вршењето на друга јавна функција и професија.
5.Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
1) Пријава по оглас,
2) Кратка биографија,
3) Мотивациско писмо,
4) Уверение за државјанство,
5) Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование - дипломиран правник;
6) Уверение за положен правосуден испит;
7) Преглед евидентиран во Агенциjaта за вработување на Република Северна Македонија или во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија како работен стаж, доказ дека има работно искуство на правни работи најмалку пет години по положен правосуден испит;
8) Доказ дека ужива углед за вршење на функцијата.
6. Документите од точка 5 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За оглас за именување на еден државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачје Струга“.
7. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018, 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021, 152/2021, 38/2022, 102/2022, 168/2022, 213/2022, 78/2023 и 277/2023).
8. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во јавните гласила.
9. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
10. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.