Интерен оглас број 2/2023 за унапредување на административни службеници

Дали е огласот завршен: 
Огласот е завршен
Рок на пријавување: 
Friday, September 22, 2023

Врз основа на член 11,  член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници (,,Службен весник на Република Македонија‘‘ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016, 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019, 14/2020, 215/2021 и 99/2022) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“бр. 11/2015, 35/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија “бр.303/2020) Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС  БРОЈ  2/2023
ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Се распишува интерен оглас за унапредување на административни службеници  за следниве работни места:

  1. Шифра: УПР 01 01 Б02 000
    Звање и назив на работното место – Раководител на Сектор за економски политики, структурни реформи и инвестиции
    Назив на сектор: Сектор за економски политики, структурни реформи и инвестиции
    Број на извршители: 1
    Посебни услови за работното место:
    • степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки – Економија и бизнис, Право.
    • работно искуство: најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор.
       

​​​​​​Посебни работни компетенции:

  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
     

Општи услови за работното место:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место 
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на исто ниво и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 Распоред на работно време:

  • неделно работно време: од понеделник до петок; 
  • работни часови неделно: 40
  • работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 40.190,00 денари 

2.    Шифра: УПР 01 01 Б02 000
      Звање и назив на работното место – Раководител на Сектор за протокол и преведување
      Назив на сектор: Сектор за протокол и преведување
      Број на извршители: 1

     Посебни услови за работното место:

  • степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Правни науки, Образование, Организациони науки и управување (менаџмент).
  • работно искуство: најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор.

Посебни работни компетенции:

  • Aктивно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.

 Општи услови за работното место:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • aктивно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место 
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на исто ниво и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Распоред на работно време:

  • неделно работно време: од понеделник до петок; 
  • работни часови неделно: 40
  • работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 40.190,00

3.    Шифра: УПР 01 01 Б02 000
      Звање и назив на работното место – Раководител на Сектор за координација со проекти и други стручни работи
     Назив на сектор: Сектор за координација со проекти и други стручни работи
     Број на извршители: 1
     Посебни услови за работното место:

  • степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Правни науки, Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент).
  • работно искуство: најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор.

Посебни работни компетенции:

  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.

Општи услови за работното место:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место 
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на исто ниво и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Распоред на работно време:

  • неделно работно време: од понеделник до петок; 
  • работни часови неделно: 40
  • работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

 Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 40.190,00

4.    Шифра: УПР 01 01 Б04 000
      Звање и назив на работното место – Раководител на Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор
      Назив на Одделение: Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор     
      Назив на сектор: Сектор за стручно-оперативна и логистичка поддршка на генералниот секретар и заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија и министрите без ресор
      Број на извршители: 1

      Посебни услови за работното место:

  • степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Правни науки, Политички науки,  Организациони науки управување (менаџмент)
  • работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.

   Посебни работни компетенции:

  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување

Општи услови за работното место:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место 
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на исто ниво и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 Распоред на работно време:

  • неделно работно време: од понеделник до петок; 
  • работни часови неделно: 40
  • работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 32.206,00 

5.    Шифра: УПР 01 01 Б04 000
      Звање и назив на работното место – Раководител на Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор
      Назив на Одделение: Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор     
      Назив на сектор: Сектор за стручно-оперативна и логистичка поддршка на генералниот секретар и заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија и министрите без ресор
      Број на извршители: 1

      Посебни услови за работното место:

  • степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Правни науки, Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент).
  • работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.

Посебни работни компетенции:

  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.

Општи услови за работното место:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место 
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на исто ниво и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Распоред на работно време:

  • неделно работно време: од понеделник до петок; 
  • работни часови неделно: 40
  • работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 32.206,00 
 

6.    Шифра: УПР 01 01 В01 000
      Звање и назив на работното место – Советник за следење и анализа на државни стратегии, конкурентност, деловна клима и проекти помогнати од меѓународната заедница
      Назив на Одделение: Одделение за следење и анализа на државни стратегии, конкурентност, деловна клима и координација на проекти помогнати од меѓународна заедница
     Назив на сектор: Сектор за економски политики, структурни реформи и инвестиции
     Број на извршители: 1

Посебни услови за работното место:

  • степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки.
  • работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката.

 Посебни работни компетенции:

  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Општи услови за работното место:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место 
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на исто ниво и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Распоред на работно време:

  • неделно работно време: од понеделник до петок; 
  • работни часови неделно: 40
  • работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.​​

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 28.716,00

7.    Шифра: УПР 01 01 В02 000
      Звање и назив на работното место – Виш соработник за анализа и истражување
      Назив на Одделение: Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор
      Назив на сектор: Сектор за стручно-оперативна и логистичка поддршка на генералниот секретар и заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија и министрите без ресор 
      Број на извршители: 1

 Посебни услови за работното место:

  • степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки.
  • работно искуство: најмалку две години работно искуство во струката.

Посебни работни компетенции:

  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 Општи услови за работното место:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место 
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на исто ниво и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Распоред на работно време:

  • неделно работно време: од понеделник до петок; 
  • работни часови неделно: 40
  • работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 26.864,00

8.    Шифра: УПР 01 01 В02 000
      Звање и назив на работното место – Виш соработник за поддршка за протоколарни работи
      Назив на Одделение: Одделение за протокол 
      Назив на Сектор: Сектор за протокол и преведување
      Број на извршители: 1

Посебни услови за работното место:

  • степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Наука за книжевноста, Образование, Наука за јазикот (Лингвистика).
  • работно искуство: најмалку две години работно искуство во струката.
  • Други посебни услови: статус на лице со посебни потреби, согласно со закон

Посебни работни компетенции:

  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Општи услови за работното место:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место 
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на исто ниво и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Распоред на работно време:

  • неделно работно време: од понеделник до петок; 
  • работни часови неделно: 40
  • работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 26.864,00

9.    Шифра: УПР 01 01 Г01 000
      Звање и назив на работното место – Самостоен референт за архивски работи
      Назив на Одделение: Одделение за одржување и ракување со  техничка опрема
      Назив на сектор: Сектор за општи работи 
      Број на извршители: 1

Посебни услови за работното место:

  • степен и вид на образование: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование (Вишо образование, Гимназија или Средно стручно образование).
  • работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката.

Посебни работни компетенции:

  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Општи услови за работното место:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место 
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на исто ниво и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Распоред на работно време:

  • неделно работно време: од понеделник до петок; 
  • работни часови неделно: 40
  • работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 20.995,00

             Потребно е кандидатите да поднесат пријава на службената електронска адреса на Секторот за човечки ресурси SCR@gs.gov.mk.

             Пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, да ги достават до Секторот за човечки ресурси.

Kон пријавата кандидатите можат да приложат и:

  • потврди за успешно реализирани обуки и/или
  • потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.

Пропратни документи: