Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Веб-страница: 
Е-пошта: 
info@mzsv.gov.mk
Телефон: 
02 3134 477
Адреса: 
Улица „Ленинова“, број 2, Скопје
Фејсбук страница: 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги врши работите што се однесуваат на:

  • земјоделството, шумарството и водостопанството;
  • користењето на земјоделското земјиште, шумите и другите природни богатства;
  • ловот и риболовот;
  • заштитата на добитокот и растенијата од болести и штетници;
  • следењето и проучувањето на состојбите со водите, одржувањето и подобрувањето на режимот на водите;
  • хидромелиоративните системи;
  • хидролошките и агрометеоролошките мерења, како и противградобијната заштита;
  • проучувањето и истражувањето на метеоролошките, хидролошките и биометеоролошките појави и процеси;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон.