Министерство за енергетика рударство и минерални суровини

http://
//
/
/
//
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги врши работите што се однесуваат на:
• енергетиката, енергетската политика и планирањето на развојот во областа на електрична енергија, природен гас, нафта и деривати на нафта, топлотна енергија и термални води, како и други видови енергија и нивна експлоатација;
• снабдувањето со енергија;
• спроведувањето на постапки за селекција и именување на органите на раководење, управување и надзор во правните лица од областа на енергетиката во целосна или доминантна државна сопственост;
• стратегијата и политиката за енергетска безбедност;
• рационалната употреба на енергијата и енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија;
• координацијата на работата и реализација на енергетските инвестиции;
• рударството, стратегија и политика за развој на рударството;
• експлоатацијата на минерални суровини и геолошки ресурси;
• геолошките истражувања и истражувања поврзани со експлоатација на минерални суровини;
• изработката на програма за истражувачки работи од областа на основните геолошки истражувања поврзани со одржливото користење на ресурсите;
• надзорот од негова надлежност и
• врши други работи утврдени со закон.
Во состав на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е Бирото за метрологија.
• Бирото за метрологија има својство на правно лице.