Министерство за дигитална трансформација

Веб-страница: 

http://

Фејсбук страница: 

//

Твитер профил: 

/

Инстаграм профил: 

/

Јутуб канал: 

//


Министерството за дигитална трансформација ги врши работите што се однесуваат на:

•    развојот и промоцијата на информатичкото општество;
•    технолошкиот развој и технолошката култура;
•    подготвување на стратешки документи од областа на дигитализацијата;
•    организирање и спроведување на обуки за дигитални вештини;
•    безбедност на мрежи и информациски системи;
•    дигитализација на јавните услуги;
•    администрирање со интегрирана база на лични податоци на населението на Републиката и соодветните книги за евиденција;
•    креирањето и водењето на регистар на информационите и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа;
•    интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информации, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања;
•    следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународни стандарди;
•    телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура;
•    радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура;
•    остварувањето на меѓународна соработка по прашања од негова надлежност;
•    надзор од негова надлежност и
•    врши и други работи утврдени со закон.