Министерството за економија и труд
Министерството за економија и труд ги врши работите што се однесуваат на:
• следењето на состојбата и појавите на пазарот на стоки и услуги и влијанието на мерките на економската политика;
• следењето на економските, структурните и техничко-технолошките состојби и предлагање на мерки за остварување на развојната и тековната економска политика во областа на производството, трговијата, угостителството и занаетчиството;
• преземањето мерки против монополската положба и монополското однесување;
• следењето на тековните материјални биланси и снабдувањето на граѓаните со основните прехранбени производи и други стоки за широка потрошувачка и на претпријатијата со суровини и репроматеријали;
• системот и политиката на цени на производи и услуги;
• подготвувањето програма за глобален материјален развој на човечките ресурси;
• заштитата на потрошувачите;
• малите и средните претпријатија и задругарството;
• работните односи, вработувањето и вработеноста;
• заштитата на работниците при работењето;
• материјалното обезбедување на привремено невработените;
• платите и животниот стандард;
• надзорот од негова надлежност и
• врши други работи утврдени со закон.
Во состав на Министерството за економија и труд е:
• Управата за наменско производство.