Стратешки приоритети

Владата на Република Северна Македонија е силно посветена на зацврстување на унитарноста, суверенитетот и стабилноста на државата, ја декларира својата силна политичка волја за реформско работење кое по остварената стратешка цел членство во НАТО, е фокусирано на заедничкитиот стратешки приоритет на Република Северна Македонија, членство во Европската Унија, обезбедување реална поделба на власта, функционирање на правната држава и градење на силни, професионални и отворени институции.

Владата, целосно почитувајќи го Уставот и меѓународните обврски на Република Северна Македонија, посветено работи на добри меѓусоседски и меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебно почитување и толеранција, внатрешна кохезија, справување со светската пандемија  на корона вирусот и нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст, одржлив развој, квалитетно здравство, модерно  образование, ефикасна правна држава и силни институции, како и подобрување на меѓународниот углед и позиција на Република Северна Македонија. 

Стратешки приоритети на Владата се:

  • Обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните;
  • Справување со светската пандемија предизвикана од Коронавирусот  COVID 19;
  • Успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија;
  • Владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност;
  • Квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот;
  • Модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти;
  • Целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и градење на граѓанска држава со етничка и социјална кохезија врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување; и
  • Заштита на животната средина, зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени.

*Сите приоритети имаат еднакво значење.


Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија - 2020 - 2024 [преземи]

Програмата за работа на Владата има за цел да ги опише клучните приоритети на кои оваа Влада се посветува и начините на кои планира да ги воведе и спроведе реформите кои се од големо значење за сите граѓани, но и за државата. 

Програмата е поделена во повеќе клучни области:

  1. Предвидливо деловно опкружување
  2. Поголема поддршка на домашните компании и сектори
  3. Иновативна економија     
  4. Вложуваме во нашите граѓани
  5. Сигурен транспорт
  6. Изградба по план 
  7. Земјоделска политика
  8. Ковид-19 не е само здравствен предизвик 
  9. Вложуваме во јавното здравство 
  10. Социјална политика
  11. Образование
  12. Спорт и рекреација
  13. Демократија која работи за граѓаните
  14. Европска култура
  15. Еднаквост помеѓу мажите и жените
  16. Функционална правна држава
  17. Стоп за злоупотреби
  18. Модерна и ефикасна администрација: повеќе систем, помалку бирократија
  19. Власт најблиску до граѓаните
  20. Еднакво општество за сите
  21. Заштита на животна средина
  22. Енергетика 
  23. Без безбедност нема развој
  24. Следната цел: членство во ЕУ
  25. Северна Македонија во светот

Програми на Владата за тековни години

Согласно Законот за Владата на Република Северна Македонија и Деловникот за работа на Владата на Република Северна Македонија, секоја година се изработуваат едногодишни програми за работа на Владата, кои се во согласност со Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2020 - 2024 година, Методологијата за стратешко планирање и подготвување на Годишната програма за работа на Владата на Република Северна Македонија и стратешките приоритети на Владата.

Програмата за 2020 година е во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели за 2020 година на Владата на Република Северна Македонија содржани во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2020 - 2024 година.

Тековна програма: 

Програма за работа на Владата во периодот 2020-2024 година

Стари програми:

Програма за работа на Владата за 2020 година

Програма за работа на Владата за 2019 година

Програма за работа на Владата за 2018 година

Програма за работа на Владата за јуни - декември 2017 година


Планови за реформски приоритети

Покрај програмите за работа, Владата има и планови за реализирање на клучни реформски приоритети или дефинирани стратешки цели. 

Тековни планови:

План за чист воздух

План за економски раст

Завршени планови:

План 18 - Градиме држава по европски правила

План за итни реформски приоритети „3 - 6 - 9“


Стратешки план на Генералниот секретаријат

Стратешкиот план на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2019-2021 година содржи мерки и активности кои се во функција на остварување на стратешките приоритети и цели на Генералниот секретаријат и на стратешките приоритети и цели на Владата на Република Северна Македонија.

Стратешки план на Генералниот секретаријат 2020 - 2022 година

Годишен план за работа на Генералниот секретаријат за 2020 година

Процес на стратешко планирање на Генералниот секретаријат


Национални стратегии

Со цел брзо, ефикасно и темелно спроведување на политиките на Владата на Република Северна Македонија, една или повеќе институции можат да предложат национална стратегија за извесна политика пред Владата. Влада на Седница одлучува за усвојувањето на одредена национална стратегија, а по усвојувањето го известува Собранието на Република Северна Македонија за истата. 

Национални стратегии на Владата