Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Веб-страница: 
Е-пошта: 
pr@mfa.gov.mk, mailmnr@mfa.gov.mk
Телефон: 
+389 2 3115 266
Адреса: 
Булевар „Филип Втори Македонски“, број 7, Скопје
Министер: 
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги врши работите што се однесуваат на:

•    надворешните работи и надворешната политика на Република Македонија;
•    воспоставувањето, развивањето и координирањето на односите, претставувањето и афирмирањето на Република Македонија на меѓународен план;
•    заштита на интересите, правата и имотот на Републиката и нејзините државјани и на домашните правни лица во странство;
•    координирањето и известувањето за политиката од надлежноста за која е основано;
•    грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји;
•    организацијата и раководењето со дипломатските, конзуларните и други претставништва на Република Македонија, како и организирање на системот на врски со нив;
•    склучувањето, ратификувањето и чувањето на меѓународните договори;
•    определувањето и одбележувањето на државната граница;
•    комуникацијата и соработката со странските дипломатски и конзуларни претставништва на странски држави и мисии на меѓународни организации во Република Македонија;
•    акредитацијата на амбасадори, приемот на акредитивни писма, издавањето привилегии и имунитети на странски дипломатски претставништва и претставништва на меѓународни владини организации и други работи во врска со именувањето и отповикувањето на амбасадори на Република Македонија во странство;
•    собирањето, проучувањето и грижата за странската и домашната документација од негова надлежност;
•    следењето на меѓународните стопански движења, како и нивното влијание врз економските односи во Републиката;
•    надворешнотрговското работење;
•    подобрување на економските односи со странство;
•    предлагање и спроведување мерки од областа на економските односи со странство, следење на меѓународните економски односи и мултилатералната, регионалната и билатералната соработка со други земји и организации и нивниот развој;
•    креирање, спроведување, предлагање и подобрување на режимот на надворешната трговска политика, вклучувајќи мерки за заштита во надворешната трговија;
•    усогласување на прописите на надворешнотрговската размена со прописите на Европската Унија и Светската трговска организација и на други мултилатерални институции и организации и нивно спроведување;
•    склучување и следење на спроведувањето на меѓународните трговски договори и договори и
•    врши други работи утврдени со закон.