Министерство за социјална политика, демографија и млади
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги врши работите што се однесуваат на:
• пензиско-инвалидското осигурување;
• социјалната политика;
• хуманата популациона политика заради усогласен економски социјален развој;
• правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница;
• односите меѓу родителите и децата, старателството и посвојувањето;
• унапредувањето на рамноправноста на половите;
• заштитата на децата и малолетните лица;
• заштитата на младината и жените;
• заштитата на лицата со пречки во развојот;
• заштитата на цивилните инвалиди од војната и на семејството чиј хранител е на задолжителна воена служба;
• заштитата на борците од Антифашистичката војна и од сите национално ослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција;
• планирање на семејството;
• семејството и децата;
• подготовката и развојот на демографската политика и политиката поврзана со миграциите;
• подготовката и развојот на политиката за млади;
• грижата за психофизичкиот развој на младите и нивната заштита;
• поттикнувањето и помагањето на формите на младинско организирањe;
• преземањето активности за создавање услови за задржување во Републиката на способните и талентирани млади, како и создавањето услови за стимулирање на нивното враќање;
• поттикнување на вработливоста на младите;
• надзорот од негова надлежност и
• врши други работи утврдени со закон.
Во состав на Министерството за социјална политика, демографија и млади е Управата за прашања на борците и воените инвалиди.