Министерство за енергетика рударство и минерални суровини

Веб-страница: 

http://

Фејсбук страница: 

//

Твитер профил: 

/

Инстаграм профил: 

/

Јутуб канал: 

//


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги врши работите што се однесуваат на:

•    енергетиката, енергетската политика и планирањето на развојот во областа на електрична енергија, природен гас, нафта и деривати на нафта, топлотна енергија и термални води, како и други видови енергија и нивна експлоатација;
•    снабдувањето со енергија;
•    спроведувањето на постапки за селекција и именување на органите на раководење, управување и надзор во правните лица од областа на енергетиката во целосна или доминантна државна сопственост;
•    стратегијата и политиката за енергетска безбедност;
•    рационалната употреба на енергијата и енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија;
•    координацијата на работата и реализација на енергетските инвестиции;
•    рударството, стратегија и политика за развој на рударството;
•    експлоатацијата на минерални суровини и геолошки ресурси;
•    геолошките истражувања и истражувања поврзани со експлоатација на минерални суровини;
•    изработката на програма за истражувачки работи од областа на основните геолошки истражувања поврзани со одржливото користење на ресурсите;
•    надзорот од негова надлежност и
•    врши други работи утврдени со закон.

Во состав на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е Бирото за метрологија.
•    Бирото за метрологија има својство на правно лице.