Премиерот Заев: Празникот Богојавление - Водици повикува на духовна зрелост, смирено и со љубов да си посакаме добра волја за подобро утре

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод верскиот празник Богојавление - Водици, упати писмо со честитки до Г.Г. Стефан, Архиепископ на Македонската православна црка - Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима и до сите православни верници во Република Македонија во кое упатува желби големиот христијански празник на сите да им донесе изобилство од радост, здравје и успеси.

„Празникот Богојавление - Водици повикува да се очистиме од гревовите на алчноста, од гревовите на гневот и омразата.

Со крштевањето во осветените води, празникот нѐ повикува да ја прифатиме духовната зрелост, да си простиме и смирено и со љубов да си посакаме добра волја како влог за подобро утре.

Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление - Водици“, се вели во писмото со честитки на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев по повод празникот.