Генералниот секретар Методија Димовски оствари билатерална средба со шефот на администрацијата на Владата на Грузија, Реваз Јевелиѕе

Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, Методија Димовски, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, учествуваше на конференцијата за промоција на „Принципите на јавна администрација“ во Париз, Франција.

Настанот го организираше СИГМА, како форум на земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската Унија, со цел да се даде нов поттик на тековните реформи на јавното управување што ќе помогне да се забрза економскиот развој и подобрување на благосостојбата на граѓаните.

На маргините на конференцијата, генералниот секретар Димовски оствари средба со Реваз Јевелиѕе, шеф на администрацијата на Владата на Грузија.

Се разговараше за приоритетите и посветеноста на Владата на Грузија кон реформата на јавната администрација со поддршка на Европската Унијаво согласност со стандардите на OECD/SIGMA и забележителниот успех на Владата на Република Северна Македонија во спроведувањето на длабинските реформи во областа на јавната администрација.

На средбата генералниот секретар даде посебен осврт на искуствата на Република Северна Македонија во процесот за евроинтеграција од аспект на напредокот на државната служба.