Груби - Бартон: Продлабочување на трговската соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство е наш приоритет

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби оствари средба со комесарот за трговија на Обединетото Кралство, Крис Бартон.

Груби и Бартон разговараа за економската и комерцијалната соработка, како и за дигитализација на сите услуги во институциите.

Двајцата соговорници разговараа за долгогодишното пријателство меѓу двете земји, при што Груби изрази благодарност за континуираната британска поддршка во насока на зајакнување на демократските капацитети и економскиот развој.

Тема на разговор на оваа средба беа значајни проекти за земјава од областа на инфраструктурата и здравството, при што Груби го истакна максималниот фокус на Владата за реализација на проекти од ваков тип.

Исто така, дел од разговорот беше и комплетниот процес на дигитализација на сите служби во институциите со што Обединетото Кралство како пријателска земја и помага на Република Северна Македонија.