16-та седница на Владата
Седницата се одржа на:
27.10.2020 - 12:30
Соопштение за јавноста:
Записник од седница:
Преземи (564.02 KB)
Точки на предлог-дневен ред:
Точка | Наслов |
Пред точка | Усвојување на Записникот од 12-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14 и 15 октомври 2020 година |
1 | Записник од Осмиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 26 октомври 2020 година |
2 | Збирен извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините: Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе |
3 | Предлог - oдлука за намалување на увозните давачки - царинските стапки на одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи |
4 | Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за oбјавување на законите и на другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија“, по скратена постапка |
5 | Информација за извршени преговори за усогласување на Меморандумот за разбирање за 5G патоказ за дигитална трансформација во регионот на Западен Балкан, со усогласен Меморандум |
6 | Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и на членовите на нивните семејства |
7 | Годишна сметка за 2019 година, Годишен извештај за работењето на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Ц.О. Скопје за периодот од 1 јануари 2019 година до 31 декември 2019 година и Финансиски извештај за 2019 година, со Ревизорски извештај и предлог-одлуки |
8 | Годишна сметка, финансиски извештаи и Годишен извештај за работењето на АД ТЕЦ Неготино за 2019 година, со Извештај на независните ревизори, со предлог - одлуки |
9 | Информација за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, со Предлог-одлука |
10 | Предлог - одлука за запишување на правото на сопственост на недвижна ствар во корист на Република Северна Македонија во Катастарот на недвижности (КП бр.712/1 во КО Пробиштип) ДП 03-27/20 ДП Штип |
11 | Предлог - одлуки за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Министерството за образование и наука |
12 | Информација за преземените активности согласно заклучоците од осмата затворена седница на Владата на Република Северна Македонија, а во врска со финалниот извештај од ОЛАФ за два договори кои се спроведени децентрализирано во рамките на Програмата за помош при транзиција и институционална надградба (ТАИБ 2009 и ТАИБ 2011) |
13 | Информација за плаќање на обврските од членството на Република Северна Македонија во Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели при ОЕЦД |
14 | Информација за задолжување на Општина Конче кај Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, со Предлог-oдлука за задолжување на Општина Конче со краткорочен кредит кај Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје |
15 | Информација за потребата од обезбедување на дополнителни средства за Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска банка |
16 | Информација за назначување на Контакт лице за Зелениот климатски фонд |
17 | Информација за формирање на Комисија за спроведување на Јавен повик за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина на локалитетот “КО Желино“ општина Желино, со Предлог – решение |
18 | Предлог - одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2020/719 на Советот од 28 мај 2020 година за изменување на Одлуката 2013/255/ЗНБП во однос на рестриктивни мерки против Сирија |
19 | Информација за имплементацијата на Рамковниот Договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)“ доделен со постапка за набавка преку Договорот за заеднички набавки склучен со Европската Комисија и обезбедување на финансиски средства |
20 | Барање за давање на автентично толкување на член 21 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија" бр. 78/15,106/15,153/15,190/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 101/19), поднесено од градоначалникот на општина Куманово |
21 | Барање за давање на автентично толкување на член 40 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија" бр. 78/15,106/15,153/15,190/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 101/19), поднесено од градоначалникот на општина Куманово |
22 | Годишен извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2019 година |
23 | Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Кочани, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.276/2020 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 51 став 3 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2019) |
24 | Понуда од Нотар Зафир Хаџи-Зафиров од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр. 94890 за Ко Ѓ.Петров и Имотен лист бр.94891 за КО Ѓорче Петров 3 - Дексион на КП бр.10077 МВ/ Улица Ѓорче Петров |
25 | Понуда од нотар Сашо Клисароски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.102145 за КО Бутел,Имотен лист бр.101548 за КО Бутел,Имотен лист бр.101267 за КО Бутел и Имотен лист бр.101671 за КО Бутел |
26 | Понуда од Џеват Бучи од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.2085 за КО Злокуќани на КП бр.7060 МВ С. Злокуќани |
27 | Кадровски прашања /16 |
28 | Прашања и предлози /16 |
29 | Програма за работа на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија за 2020 година |
30 | Годишен извештај за работата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија за период од 1.1.2019 до 31.12.2019 година |
31 | Информација за продажбата на акциите и уделите од вкупниот капитал на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија стекнат по основ на трансформација на претпријатијата со општествен капитал во периодот од 1-ви јули до 30-ти септември 2020 година |
32 | Информација за текот и прогресот на постапката за доделување на договор за јавна набавка на медицинска опрема – магнетни резонанци за потребите на ЈЗУ Општа болница Прилеп, ЈЗУ Општа болница Гостивар и ЈЗУ Општа болница Охрид |
33 | Информација за текот и прогресот на постапката за доделување на договор за јавна набавка на медицинска опрема – компјутерски томографи за потребите на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци и ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија |
34 | Информација за квалитет на воздухот во Република Северна Македонија за септември 2020 година |
35 | Информација со иницијатива за задолжување за имплементација на Проект за унапредување на основното образование |
36 | Информација за извршени преговори за усогласување на Меморандумот за разбирање за регионална интероперабилност и доверливи услуги помеѓу регионот Западен Балкан, со усогласен Меморандум |