30-та седница на Владата
Седницата се одржа на:
15.12.2020 - 12:00
Соопштение за јавноста:
Записник од седница:
Преземи (741.24 KB)
Точки на предлог-дневен ред:
Точка | Наслов |
Пред точка | Усвојување на Записникот од 25-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 1 декември 2020 година |
Пред точка | Усвојување на Записникот од 28-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 11 декември 2020 година |
Пред точка | Усвојување на Записникот од 29-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 12 декември 2020 година |
Пред точка | Степен на реализација на капиталните инвестиции |
1 | Записник од Петнаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 14 декември 2020 година |
2 | Информација за појава и ширење на болеста син јазик на територијата на Република Северна Македонија |
3 | Годишна сметка за 2019 година и Извештај за работењето на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ п.о. - Скопје во 2019 година, со Извештај од независен ревизор и со предлог - одлуки |
4 | Предлог-одлука за пренесување на недвижни ствари во сопственост на општина Кочани |
5 | Информација за адаптирање на постојната фисибилити студија за да се утврди оправданоста на концесискиот проект „Активна ремедијација со можност за повторно користење на хромната троска складирана на индустриското жариште - депонијата за индустриски отпад на ХЕК Југохром, с.Јегуновце, преку негов третман /преработка“ |
6 | Информација во врска со ревидирани Мастер планови за „Meѓународен аеродром Скопје“ и „Св. Апостол Павле“ – Охрид на ТАВ Македонија |
7 | Информација за одобрување на Тендераска документација и објавување на Јавен повик за доделување на дивечот во ловиштата на користење по пат на концесија во ловните реони Св.Николе, Македонски Брод, Кавадарци, Неготино, Кочани, Берово, Делчево и Струга |
8 | Информација во врска со Јавниот повик за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина и Тендерска документација за спроведување на постапката за локалитетот “Желино“ општина Желино |
9 | Информација во врска со статусот на реализација на Договорите за концесија за малите хидроелектрани на локациите бр.277 Воденешница, бр.123 Крива река, бр.407 Пена, бр. 408 р.Коселска, бр.104 р. Габровска и бр.349 Блатечка река |
10 | Информација за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за воспоставување на интегриран систем за управување, моноторирање, следење и контрола на акцизни добра, со Предлог – одлука и Физибилити студија |
11 | Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за измена на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за реципрочно признавање на возачки дозволи |
12 | Информација за можноста за спогодбено решавање на 9 (девет) предмети против Република Северна Македонија пред ЕСЧП кои се однесуваат на тековни кривични постапки во врска со незаконското следење на комуникациите |
13 | Информација во врска со реализацијата на Проектот Изградба на „Стариот театар“ во Струмица |
14 | Предлог - одлука за изменување на Одлуката за доделување на средстав за финансирање на проекти за развој на планските региони за 2020 година |
15 | Предлог-програма за изменување на Годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2020 година |
16 | Предлог-програма за изменување на Програмата за статистички истражувања за периодот 2018-2022 година |
17 | Предлог-програма за изменување на Програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Северна Македонија за 2020 година |
18 | Среднорочна програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2021-2025 година |
19 | Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за стандарди за акредитација на здравствените установи од секундарно и терциерно ниво, со Предлог-одлука |
20 | Предлог- одлуки за престанок и давање на трајно користење на движни ствари на Министерство за труд и социјална политика- Државен инспекторат за труд, општина Карпош, општина Струга и општина Битола (персонални компјутери) |
21 | Информација за продажба на одземен недвижен имот на прво јавно наддавање, со Предлог –одлука (запишан во Имотен лист бр. 42539, КО Карпош). |
22 | Информација за продажба на одземен недвижен имот на прво јавно наддавање, со Предлог –одлука (запишан во Имотен лист бр.15753, КО Центар 2) |
23 | Информација за продажба на одземен недвижен имот на прво јавно наддавање, со Предлог-одлука (запишан во Имотен лист бр. 16792, КО Центар 2) |
24 | Информација за продажба на одземен недвижен имот на прво јавно наддавање, со Предлог-одлука (запишан во Имотен лист бр. 11582, КО Драчево 1) |
25 | Информација за продажба на одземен недвижен имот на прво јавно наддавање, со Предлог –одлука (запишан во Имотен лист бр. 92689, КО Чаир). |
26 | Информација за продажба на одземен недвижен имот на прво јавно наддавање, со Предлог –одлука (запишан во Имотен лист бр. 55181, КП 6899, КО Карпош) |
27 | Информација со предлог-одлуки за давање на согласност на Спогодби за регулирање на меѓусебните права и обврски со субјекти кои вршат дејност во заштитено подрачје-Прошетка на посетители во Националниот парк „Галичица“, со превозно средство-пловен објект-чамец без мотор во Св.Наум |
28 | Информација со Предлог-одлука за давање на согласност на Анекс на Спогодбата за регулирање на меѓусебните права и обврски со субјект кој врши дејност во заштитено подрачје-угостителска дејност на сплавови во Националниот парк Галичица – Извориште кај Св.Наум |
29 | Предлог - одлука за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад |
30 | Предлог-одлука за давање согласност за спроведувањење постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад |
31 | Барање за давање согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште и за склучување на договор за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на непосредна спогодба наменето за изградба на објекти од јавен интерес, со Предлог-одлука |
32 | Информација по однос на постапување по заклучоците 1 и 2 од Информацијата за Годишни извештаи за ревизорска активност и Годишни ревизорски мислења за 2019 година согласно ИПА II на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош усвоени на шеесет и деветтата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 16 јуни 2020 година |
33 | Извештај за спроведување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, со Предлог - одлука за времетраењето на јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување на граѓани за добивање субвенциониран |
34 | Информација во врска со ревидираниот План за вонредни состојби на аеродромите на ТАВ Македонија |
35 | Информација за продолжување на крајниот рок на достапност на средствата обезбедени од заем од Европска инвестициона банка за проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ |
36 | Информација во врска со поднесената иницијатива за започнување на постапка за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровинa – варовник на локалитетот “Скрка“ с.Дебриште општина Росоман, со Предлог – одлука |
37 | Информација за добивање согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Друштво за трговија, производство и транспорт „Јоки Комерц Атанас“ ДООЕЛ од с.Брвеница-Брвеница, со Предлог-одлука |
38 | Предлог - одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на општина Арачиново |
39 | Предлог-лиценца за приредување на игри на среќа во обложувалница на Друштвото за производство, трговија и услуги „КЛУБ СПОРТ 77“ увоз-извоз ДОО Битола во уплатно-исплатното место кое се наоѓа на ул.„Филип Втори Македонски“ бр.30 Трг.Ком.Безистен-лок.12 во Битола |
40 | Предлог-уредба за методологија за распределба на наменски дотации за плати и додатоци на плати за вработените во територијалните противпожарни единици за 2021 година |
41 | Предлог-одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2020/1132 на Советот од 30 јули 2020 година за ажурирање на списокот на лица, групи и субјекти кои подлежат на членовите 2, 3 и 4 од Заедничкиот став 2001/931/ЗНБП за примена на специфични мерки за борба против тероризмот и за укинување на Одлуката (ЗНБП) 2020/20 |
42 | Предлог-одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2020/1136 на Советот од 30 јули 2020 година за изменување на Одлуката (ЗНБП) 2016/849 за рестриктивни мерки против Демократска Народна Република Кореја |
43 | Предлог-одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2020/1126 на Советот од 30 јули 2020 година за изменување на Одлуката (ЗНБП) 2016/1693 за рестриктивни мерки против ИСИС (Даеш) и Ал-Каеда и лица, групи, претпријатија и субјекти кои се поврзани со нив |
44 | Предлог-програма за изменување на Програмата за превенција на кардиоваскуларни болести (КВБ) во Република Северна Македонија за 2020 година |
45 | Информација за оправданоста и придобивките од реализација на иницијативата за изградба на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST) на територијата на Република Северна Македонија |
46 | Информација во врска со реализацијата на договорот за изградба на објект за Драмски театар во Скопје |
47 | Информација за исполнетост на условите на Друштво за земјоделско производство БОТАНИКУЕ ДООЕЛ Гевгелија за вршење на дејност одгледување на канабис за медицински цели, со Предлог-одлука |
48 | Информација со Предлог-одлука за отстaпување на лекот - физиолошки раствор 0,9% раствор за инфузија (500 ml) од стоковните резерви, без надомест, на ЈЗУ Клиничка болница – Тетово |
49 | Предлог – одлука за престанок и давање на трајно користење на движна ствар на Јавната установа за сместување на лица баратели на право на азил ‘’Прифатен центар за баратели на азил” - Скопје (патничко моторно возило) |
50 | Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Општина Гази Баба - Скопје (патничко моторно возило) |
51 | Информација со Предлог-одлука за изменување на Одлуката за формирање на Оперативно постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот и Предлог-одлука за изменување на Одлуката за формирање на Координативно тело за изготвување на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам |
52 | Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка |
53 | Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи |
54 | Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници |
55 | Статут на МИТ Универзитет Скопје |
56 | Понуда од нотар Емилија Георгиевска Аџиска од Берово за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр. 8870 за КО Берово на КП бр. 3353/1 |
57 | Понуда од нотар Николче Павловски од Ресен за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.417 за КО Ресен на КП бр. 5727 и Имотен лист бр.57398 за Ко Ресен на КП бр. 5726 и КП бр. 5727 |
58 | Понуда од нотар Џеват Бучи од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.38 за КО Бутел на КП бр.5675 викано место/улица Железарска |
59 | Понуда од нотар Лидија Рибарева од Штип за продажба на сосопственички дел од недвижен имот запишан во Имотен лист број 20301 за КО Штип-5 |
60 | Понуда од нотар Ермира Мехмети од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.93311 за КО Чаир на КП бр. 2563 МВ/Улица Дижонска |
61 | Понуда од нотар Лазар Козаровски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.100906 за КО Центар 1 на КП бр.13159 МВ / Улица Б.Тодоровски и Имотен лист бр.100914 за КО Центар 1 на КП бр.13158 МВ / Улица Б.Тодоровски |
62 | Понуда од нотар од нотар Вирѓинија Баута од Струга за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.2947, за КО Мислешево-вонград, на КП бр.2750 |
63 | Понуда од нотар Катерина Митревска од Скопје за размена на недвижен имот со Имотен лист бр. 2870 за КО Маџари на КП бр. 1682 |
64 | Мислење за потребата од повторно разгледување на препораката според која само кај хронично болните лица кај кои има влошување на состојбата е можно определување на боледување |
65 | Кадровски прашања /29/ |
66 | Прашања и предлози /29/ |
67 | Финансиски извештај за период од 01 јули 2020 до 30 септември 2020 година на Јавно претпријатие Колекторски систем (Јавно претпријатие Колекторски систем) |
68 | Финансиски извештај за работењето на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о., за период од 1 април 2020 година до 30 јуни 2020 година |
69 | Извештај за финансиското работење на ЈП за државни патишта за периодот јули - септември 2020 година |
70 | Извештај за работењето на ЈП Национална радиодифузија - Скопје, во период од 1 април до 30 јуни 2020 година |
71 | Тримесечен извештај за работењето на Јавното претпријатије за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија за период од 1 јули 2020 година до 30 септември 2020 година |
72 | Тримесечен извештај за финансиското работење на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје ”Јасен”- Скопје за трет квартал 2020 година |
73 | Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија во периодот јули - септември 2020 година |
74 | Тримесечен извештај за работата и материјално-финансиското работење на НЕР АД Скопје за периодот од 01 јули 2019 година до 30 септември 2019 година и Тримесечен извештај за работата и материјално-финансиското работење на НЕР АД Скопје за периодот од 01 октомври 2019 година до 31 декември 2019 година |
75 | Тромесечен финансиски извештај на работењето на АД“Пошта на Северна Македонија“ - Скопје за периодот 1 јануари 2020 година до 31 март 2020 година |
76 | Тромесечен финансиски извештај за работењето на АД“Пошта на Северна Македонија“ - Скопје за периодот 1 април 2020 година до 30 јуни 2020 година |
77 | Извештај за финасиското работење на Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје за периодот од 1 јануари 2020 година до 31 март 2020 година |
78 | Извештај за финасиското работење на Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје за периодот од 1 април 2020 година до 30 јуни 2020 година |
79 | Извештај за финасиското работење на Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје за периодот од 1 јули 2020 година до 30 септември 2020 година |
80 | Тримесечен извештај за работа на М-НАВ А.Д. Скопје за период јануари – март 2020 година |
81 | Информација за статусот на надградба на системот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за поврзување со Централен регистар на население (ноември 2020 година) |
82 | Информација за работењето на Компензационите фондови од странска помош со прилог извештаи за 2019 година усвоени од Комисијата за менаџмент со Компензационите фондови на седницата одржана на ден 19.11.2020 година |
83 | Одлука за давање согласност на одлуката на Управниот Одбор за поништување на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на две фотонапонски електроцентрали |
84 | Информација за вакцинацијата против КОВИД-19 (подготвеност на системот, улогата на УНИЦЕФ како Координатор на набавки во COVAX механизмот, директни преговори со производителите и со Европската комисија и земјите-членки на Европската унија) |
85 | Информација за давање согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредните години во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот на Министерството за образование и наука за набавка на рехабилитација на основни и средни училишта и набавка на стручно-технички надзор над рехабилитација на основни и средни училишта во рамките на проектот Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во РСМ |
86 | Одлука за доделување на срeдства на Државен ученички дом „Крсте Петков Мисирков" Кавадарци |
87 | Одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година |
88 | Предлог одлука за основање на Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Тирана, Република Албанија |
89 | Предлог - одлука за финансиска поддршка на филмски работници |
90 | Предлог - одлука за финансиска поддршка на уметници и на културни работници |
91 | Информацијата за потенцијално задолжување на Република Северна Македонија на меѓународниот пазар на капитал |