53-та седница на Владата
Седницата се одржа на:
12.03.2021 - 19:00
Соопштение за јавноста:
Записник од седница:
Преземи (476.63 KB)
Точки на предлог-дневен ред:
Точка | Наслов |
1 | Информација за постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река и Извештај од спроведена евалуацијата на пристигнатите пријави за учество во Фаза 1 -претквалификација / Informacion mbi procedurën për dhënien e koncesionit për përdorimin e ujit për prodhimin e energjisë elektrike nga hidrocentralet në Cërna Reka dhe Raporti mbi vlerësimin e kryer të aplikacioneve të marra për pjesëmarrje në Fazën 1 – para-kualifikimi |
2 | Информација во врска со потребата од склучување на меморандуми за соработка со цел реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна Централа Александропулос |
3 | Информација за доставување на ИПА III стратешкиот одговор и Акциските документи за 2021 до Европска Комисија |
4 | Информација за подготовка на Седумнаесеттиот состанок на Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика кој ќе се одржи на 23 март, 2021 година |
5 | Информација за давање согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредните години во програмите опфатени со развојниот дел на буџетот на Министерството за надворешни работи за реализација на повеќегодишен договор за јавна набавка на работи за реновирање и адаптација на објектот на адреса „Avenida das Nacoes, lote 15, CP 1240, 700000 Brasilia“, доделен на Република Северна Македонија од сукцесија на дипломатско-конзуларниот имот на поранешната СФРЈ |
6 | Информација за давање согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредните години во програмите опфатени со развојниот дел на буџетот на Министерството за надворешни работи за реализација на повеќегодишен договор за јавна набавка на работи за статичка санација, реконструкција и надградба на објектот во Будимпешта на адреса: ул. Балогвар бр. 9, во сопственост на Република Северна Македонија, кој не се користи за потреби на Амбасада од неговото купување во 2007 година |
7 | Предлог на протокол за организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделни предмети, на општинско, регионално и државно ниво во основното образование во услови на пандемија и Предлог на протокол за организирање и реализирање на натпревари во средните училишта во услови на пандемија од COVID - 19 |
8 | Кадровски прашања /53/ |
9 | Прашања и предлози /53/ |
10 | Предлог - одлука за изменување на Одлуката за видот и висината на надоместоците на членовите на Одборот за акредитација на високото образование врз основа на присуство на седница и обем на извршена работа |
11 | Информација за формирање Работна група за соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати |
12 | Предлог - одлука за изменување на Одлуката за утврдување на средствата од делот на акцизата од деривати од нафта |