40-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
19.04.2022 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (789.25 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од Европската Унија
Пред точка Состојби и напредок на Република Северна Македонија во процесот на преговорите за членство во Европската Унија
Пред точка Придонес кон Извештајот на Европска Комисија
Пред точка Реформски план за ЕУ
Пред точка Статус на реализација на обврските и приоритетите на Република Северна Македонија како членка на НАТО, согласно Северноатлантскиот договор и НАТО процесот за одбранбено планирање
Пред точка Учество на Република Северна Македонија во системот на НАТО за одговор на кризи
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Статус на реализација на капиталните расходи во Буџетот на Република Северна Македонија
Пред точка Законодавна агенда на Владата на Република Северна Македонија, за периодот 1 јануари 2022 година – 30 јуни 2022 година
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
Пред точка Информација за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот Регион
Пред точка Агенда за дигитална трансформација
Пред точка Информација за степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција
1 Записник од Шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација на органите на државната управа, на правните лица основани од државата, како и на единиците на локалната самоуправа, во врска со спречување, внесување и ширење на Корона вирус COVID-19, одржан на 18 април 2022 година, со Записник од состанок на Комисијата за заразни болести, одржан на 13 април 2022 година, со Предлог-одлука
2 Информацијата во врска со примената на членот 36-а став 1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции
3 Информација за потребата од вршење процена на земјиште, насади, посеви, шума и објекти на катастарските парцели кои се наоѓаат на трасата на Магистралниот гасовод Делница 8 Свети Николе - Велес и Интерконективниот гасовод Северна Македонија – Грција и водење на постапки потребни за започнување на изградбата
4 Информација за усвојување на Годишната сметка, Годишниот извештај за работата и Финансискиот извештај на Друштвото за производство, промет и услуги Препород ДООЕЛ Скопје за 2021 година, со предлог-одлуки
5 Извештај за реализирана Годишна програма за работа на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија за 2021 година
6 Информација за одобрување на Тендерските документации за доделување на концесии на рибите за организирање рекреативен риболов и за вршење стопански риболов на риболовни води
7 Информација за добивање согласност за спроведување постапки за јавни набавки на мебел за опремување на новозакупените празни простории во Виена наменети за претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ и набавка на најнеопходните возила за потребите на ДКП на Република Северна Македонија,како и за реализцијата на капиталните расходи за потреби на МНР и ДКП во услови на анти-кризните мерки
8 Предлог - одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во операцијата на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република
9 Информација за подготовка на Осумнаесеттиот состанок на Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика кој ќе се одржи на 28 април 2022 година, преку видеоконференциска врска
10 Информација за потребата од доделување на простор на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност
11 Понуда од нотар Сашо Клисароски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен Лист бр.115, за КО Горно Лисиче-вонград, на КП бр.2624/2, КП бр.2624/3, КП бр.2624/6 на Викано место/улица Гробишта
12 Информација за склучена Програма за соработка на полето на образованието и науката меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија за периодот 2022-2025 година на македонски, бугарски и англиски јазик
13 Извештај за работа на Агенцијата за остварување на правата на заедниците за 2021 година
14 Извештај за работата на Советот на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија за 2021 година
15 Извештај на Одборот за надзор на материјално-финансиското работење на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија за 2021 година
16 Предлог-решение за изменување на Решението за именување на членови на Групата за процена
17 Информација за продажба на одземен недвижен имот на прво јавно наддавање, со Предлог-одлука (запишан во Имотен лист 26015, КП 3085 КО Велес)
18 Информација за проектирање на државен пат А1, реконструкција и надградба на патот Прилеп - мост на Ленишка река и изградба на трета лента на делницата од државниот пат А1, с.Беловодица - каменолом Маврово и реализација на проектот во рамки на ИПА 2 (СОПТ 2014-2020)
19 Годишна инвестициона програма на ЈП „Национални шуми" за 2022 година, со Предлог-одлука
20 Информација за добивање согласност од Владата на Република Северна Македонија за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање преработка, рециклирање и унишување на отпад, со Предлог-одлука
21 Предлог-програма за промоција и поддршка на туризмот за 2022 година и Програма за работа за 2022 година, со финансиски план
22 Програма за работа на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија за 2022 година, со предлог-одлуки
23 Финансиски план за 2022 година и Годишен план за работа за 2022 година на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, со Предлог-одлука
24 Предлог-уредба за изменување на Уредбата за висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување, давање под закуп и за засновањето на право на стварна надлежност
25 Информација во врска со завршување на активностите поврзани со Проектот „Изградба на Коридор 10 - автопатска делница Демир Капија - Смоквица”
26 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Проект за инфраструктура за изменување и дополнување на Проектот за инфраструктура за патен коридор 8 – Деве Баир – Ќафасан, патна делница Кичево - Подвис, км 0+000,00 - км 10+424,89, за проширување на изградени косини, косина 1 од км 0+480 до км 1+340, КО Кичево вон град и КО Кичево 9, Општина Кичево, со Предлог-одлука
27 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Проект за инфраструктура за изменување и и дополнување на Проектот за инфраструктура за паралелен пристапен пат Ново Село – Ботун со приклучок на постоечки објекти (за потребите за изградба на патен коридор 8 Деве Баир - Ќафасан, патна делница Песочани - Требеништа Км 0+000,00 Км 12+698,72), КO Ново Село, КО Ботун, Општина Дебрца, со Предлог-одлука
28 Информација во врска со барањето на Концесионерот “МХЕЦ ЕХЛОЕЦ” ДОО Скопје за продолжување на рокот за изградба и почеток со работа на малата хидроелектрична централа, МХЕЦ Ехлоец со реф.бр. 51
29 Информација за добивање на согласност за спроведување на постапка за јавна набавка на мебел и елементи од ентериер во судска сала во објект Судница во комплексот КПД Идризово
30 Предлог - одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во операцијата на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина
31 Предлог-одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2021/2197 на Советот од 13 декември 2021 година за изменување на Одлуката (ЗНБП) 2020/1999 за рестриктивни мерки против сериозни повреди и злоупотреби на човековите права
32 Информација со цел Барање за измена на дадена согласност од Владата на Р.С. Македонија за преземање на повеќегодишни финансиски обврски преку измена на динамиката за повеќегодишно плаќање за Набавка на услуги за превентивно и адаптивно одржување на системот Енер
33 Предлог-одлука за изменување на Одлуката за формирање на Работна група за продолжување на процесот на децентрализација
34 Предлог-одлука за доделување на срeдства на ученичкиот дом при СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе
35 Предлог-одлука за доделување на средства на Државниот студентски дом „Народен херој Орде Чопела“ Прилеп
36 Предлог-одлука за доделување на средства на Државниот студентски дом „ Никола Карев “ Охрид
37 Предлог-одлука за доделување на средства на Државниот студентски дом „ Пелагонија“ Скопје
38 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на недвижни ствари на Државниот просветен инспекторат
39 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на недвижни ствари на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје
40 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на недвижни ствари на Општина Крива Паланка
41 Предлог-декларација по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев (поднесена од група пратеници)
42 Годишен извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2021 година
43 Годишна програма за работата на Државниот завод за ревизија за 2022 година
44 Иницијатива поднесена од Благоја Новески од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.28/2022 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 44 став 2 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија бр.104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21 и 294/21)
45 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Кочани, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.20/2022 за поведување на постапка за оценување на уставноста на одредби и делови од одредби од Законот за заштита од експлозивни материи
46 Посебен извештај за попречување на работата на Народниот правобранител на Република Северна Македонија, а во врска со претставка доставена од Александар Кацарски за отстранување на констатираните повреди од Подрачното одделение за првостепена управна постапка Неготино на Управата за имотно-правни работи
47 Кадровски прашања 
48 Прашања и предлози 
49 Акциски план со точно дефинирани активности, рокови и носители на имплементација на дадените препораки од Државниот завод за ревизија (ЈЗУ Универзитетски институт за позитронско-емисиона томографија на РСМ)
50 Извештај за реализација на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2021 година
51 Извештај за реализација на Програмата за развој на туризмот во Република Северна Македонија за 2021 година
52 Извештај за искористеноста на одобрените средства за набавка на механизација за одржување на минимум стандарди на инфраструктурата на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионални патишта
53 Информација за апликација на АД ЕСМ – Скопје за инвестициски грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), за проектот Парк на ветерни електрани Богданци – Фаза II, во сопственост на АД ЕСМ – Скопје
54 Информација во врска со склучен Договор за заем меѓу АД Електрани на Северна Македонија во државна сопственост-Скопје и Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со делвоен простор од значење за Републиката-Скопје
55 Информација во врска со движењето на цените на нафтените деривати во Република Северна Македонија по отпочнувањето на Руско-Украинската криза (Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија)
56 Предлог–oдлука за доделување на концесија за експлоатација за потребите за изградба на автопат А2: Кичево – Охрид на минерална суровина – дијабаз на Јавното претпријатие за државни патишта Скопје на локалитетот “Врбјани“, општина Дебарца
57 Информација за давање на согласност за распишување на Jавен оглас бр.01/22 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање
58 Барање за прием на државјанство на Република Северна Македонија за Никица Габриќ
59 Информација во врска со изразување на интерес за учество во програмата за животната средина од Обединети нации 
60 Предлог–oдлука за доделување на концесија за експлоатација за потребите за изградба на експресен пат А3, делницаКрупиште – Кочани од км 14+300 до км 28+055 на минерална суровина – песок и чакал на Јавното претпријатие за државни патишта Скопје на локалитетот “Крупиште 1“, општина Карбинци
61 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола
62 Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија 
63 Информација за исплата на пензии за месец април 2022 година
64 Информација за состојбите во основните и средните училишта предизвикана од штрајк на вработените, а согласно одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК)
65 Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судски совет на Република Македонија, скратена постапка
66 Информација за изнаоѓање на предлог решение за состојбата со пензионирањето во Јавните обвинителства и судовите
67 Предлог на Закон за изменување на Законот за платите на судиите, скратена постапка
68 Програма за изменување на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година
69 Програма за изменување на програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино за 2022 година