187-ма седница на Владата
Седницата се одржа на:
26.09.2023 - 12:00
Соопштение за јавноста:
Записник од седница:
Преземи (918.65 KB)
Точки на дневниот ред:
Точка | Наслов |
Пред точка | Усвојување на Записникот од 180-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 22 август 2023 година |
Пред точка | Усвојување на Записникот од 182-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 5 септември 2023 година |
Пред точка | Користење и имплементација на фондовите од Европската Унија |
Пред точка | Состојби и напредок на Република Северна Македонија во процесот на преговорите за членство во Европската Унија |
Пред точка | Информација за подготовка на билатерален скрининг за Поглавје 11-земјоделство и рурален развој од Кластер 5 – Ресурси, земјоделство и кохезија |
Пред точка | Информација за подготовка на билатерален скрининг за Поглавје 22 Регионална политика и координација на структурни инструменти, од Кластер 5 Ресурси, земјоделство и кохезија, 5-6 октомври 2023 година, во Брисел |
Пред точка | Статус на реализација на обврските и приоритетите на Република Северна Македонија како членка на НАТО, согласно Северноатлантскиот договор и НАТО процесот за одбранбено планирање |
Пред точка | Учество на Република Северна Македонија во системот на НАТО за одговор на кризи |
Пред точка | Статус на реализација на Рамковниот договор |
Пред точка | Статус на реализација на капиталните расходи во Буџетот на Република Северна Македонија |
Пред точка | Законодавна агенда на Владата на Република Северна Македонија, за периодот 1 јули 2023 година – 31 декември 2023 година |
Пред точка | Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците |
Пред точка | Информација за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот Регион |
Пред точка | Агенда за дигитална трансформација |
Пред точка | Информација за степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција |
Пред точка | Степен на реализација на Акцискиот план за надминување на проблемите со КПУ Идризово |
Пред точка | Презентација за Национална стратегија за безбедност - 2023 година (power point) |
1 | Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за распоредувањето на одредени стоки во Комбинираната номенклатура согласно со регулативите на Европската Kомисија (13-измена) |
2 | Предлог-одлука за запишување на правото на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Северна Македонија во катастарот на недвижности, у 79/22 |
3 | Информација за донесување на Национална стратегија за млади 2023-2027 и Предлог-национална стратегија за млади 2023-2027, со Акциски план 2023-2025 |
4 | Годишен извештај за работа на Советот за унапредување и надзор на ревизија за 2022 година, со Предлог-одлука |
5 | Предлог-одлука за давање согласност на Решението за отстапување на одземени предмети со правосилни одлуки на Општина Чашка и Предлог-одлука за давање согласност на Решението за отстапување на трајно одземен предмет во управна постапка на Општина Чашка |
6 | Предлог на Уредба за административна безбедност на класифицирани информации и на информации за ограничена употреба |
7 | Информација за Вториот извештај на ГРЕКО за усогласеност на Република Северна Македонија – Петти круг на евалуација |
8 | Информација за воспоставување координативна мрежа за евалуација и следење на бесплатната online обука на тема „Сајбер хигиена“, која Министерството за информатичко општество и администрација ја спроведува во соработка со Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор – ДЦАФ |
9 | Информација за изразување на интерес за учество на Република Северна Македонија во активностите на Центарот за градење капацитети за сајбер безбедност на Западен Балкан, со Писмо за намера |
10 | Информација за донесено Решение за одземање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштво за производство, трговија, транспорт и услуги МЕДИКАЛСУППЛИ ДОО Експорт-Импорт, Гостивар, со Предлог-одлука |
11 | Предлог-програма за изменување на Програмата за научно-истражувачката дејност за 2023 година |
12 | Предлог-одлука за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година |
13 | Предлог-одлука за давање согласност за бројот на студентите кои се запишуваат на трет циклус на студии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во академската 2023/2024 година |
14 | Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на општина Сарај (мебел/наставна опрема) |
15 | Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на општина Лозово (мебел/наставна опрема) |
16 | Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за нефрологија - Скопје |
17 | Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија - Скопје |
18 | Предлог на декларација по повод Сто и дваесет годишнината од Илинденското Востание и Крушевската Република, поднесен од група пратеници |
19 | Кадровски прашања |
20 | Прашања и предлози |
21 | Информација со Четврт извештај на Република Северна Македонија по Меѓународниот пакт за граѓански и политички права -за период од 2015 заклучно со 2022 година |
22 | Извештај за финансирање на програмски активности на здруженија и Фондации од Владата на Република Северна Македонија, органите на државна управа и единиците на локална самоуправа во 2022 година |
23 | Информација за вкупниот одземен (конфискуван) имот, имотна корист и одземени предмети со кој управува Агенцијата за управување со одземен имот за период од 01.01.2023 год. до 30.06.2023 год. |
24 | Извештај на активности на Националниот совет за медијација за периодот јануари-јуни 2023 година |
25 | Информација за одобрување на максимален износ за издавање на структурни обврзници на општините Тетово, Желино и Виница со Предлог-Одлуки за одобрување на максималниот износ за издавање на структурни обврзници за регулирање на доспеани, а неплатени обврски на општините Тетово, Желино и Виница преку издавање на хартии од вредност на домашниот финансиски пазар |
26 | Информација за потребата од преземање на итни мерки за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион |
27 | Информација за подготовка на меѓународната изложба „Сребрена Тракија“ од Националниот археолошки институт со Музеј при БАН во Софија во Националната установа „Археолошки музеј на Република Северна Македонија“ – Скопје |
28 | Информација за донесување на Одлуката за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на висината на вредноста бодот за пресметување на платите на вработените во Јавното претпријатие за државни патишта |
29 | Предлог - одлука за начинот на наплата на износот за ,,Детска недела" во времето од 02 до 09.10.2023 година |
30 | Информација за спроведување повеќегодишна јавна набавка за адаптација и реконструкција на училишна зграда во ООУ „Хајан Селмани” во с. Ростуше, општина Маврово и Ростуше како и услуги за вршење стручно технички надзор врз адаптација и реконструкција на училишна зграда во ООУ „Хајан Селмани” во с. Ростуше, општина Маврово и Ростуше |
31 | Информација за спроведување повеќегодишна јавна набавка за изработка на термо-техничка фасада во ООУ Ѓерг Кастриот Скендербеу, општина Арачиново |
32 | Информација за спроведување повеќегодишна јавна набавка за изградба на нов училишен објект за ООУ „Рилиндија“ во село Селце, општина Тетово, како и услуги за вршење стручно технички надзор врз изградба на нов училишен објект за ООУ „Рилиндија“ во село Селце, општина Тетово |
33 | Информација за спроведување повеќегодишна јавна набавка за реконструкција и адаптација на кабинети и работилници во ОЕМУЦ – (средно училиште) Св. Наум Охридски, општина Охрид како и услуги за вршење стручно технички надзор врз реконструкција на училишен објект во ОЕМУЦ – Св. Наум Охридски, општина Охрид |
34 | Информација за спроведување повеќегодишна јавна набавка за доградба на училишен објект во ООУ Санде Штерјоски, oпштина Кичево, како и услуги за вршење стручно технички надзор врз доградба на училишен објект во ООУ Санде Штерјоски, oпштина Кичево |
35 | Информација за спроведување повеќегодишна јавна набавка за доградба на училишниот објект на ООУ Св.Кирил и Методиј во с.Кучевиште општина Чучер Сандево, како и услуги за вршење на стручно технички надзор врз доградба на училишниот објект на ООУ Св.Кирил и Методиј во с.Кучевиште општина Чучер Сандево |
36 | Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на надоместок за услуги на Акционерско друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје |
37 | Предлог-одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук |
38 | Предлог одлука за укинување на увозната давачка - царинската стапка за увоз на млеко и павлака |
39 | Предлог-одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед |
40 | Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на голем и трговијата на мало |
41 | Информација за потребата од донесување на Одлука за предавање на недвижност - земјиште во владение на Акционерското друштво за вршење енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, со Предлог-одлука |
42 | Предлог-одлука за укинување на увозните давачки за увоз на агруми, свежи или сушени |
43 | Предлог-одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки |
44 | Предлог-одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки |