43-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
14.01.2025 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (742.99 KB)
Точки на предлог-дневен ред: 


Точка Наслов
1 Конечен извештај за извршена ревизија на успешноста на темата „Управување со државниот имот“
2 Конечен извештај за извршена ревизија на успешност ,,Ефикасност на постапките за доделување на правото за вршење на експлоатација на минерални суровини и реализација на склучените договори,со посебен осврт на мермерот“
3 Предлог за поведување постапка за водење преговори за склучување Договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Кралството Холандија за размена и заемна заштита на класифицирани информации
4 Одлука за престанок на недвижни ствар на Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачје Струга во корист на Република Северна Македонија  У-03-905/2
5 Информација во врска со барањето на Концесионерот Хидроенергија ДООЕЛ Скопје за продолжување рокот за изградба и почеток со комерцијална работа на малата хидроелектична централа МХЕ
6 Предлог на закон за изменување на Законот за меѓународна и привремена заштита (*)
7 Предлог на закон за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови
8 Предлог на закон за дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на РСМ
9 Предлог-Одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Cyber Unity 25“, во Кралство Луксембург
10 Предлог-Одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 25-01“, во Сојузна Република Германија
11 Предлог на закон за изменување на Законот за регистар на задолжително социјално осигурување
12 Програма за изградба и реконструкција на средни училишта за 2025 година
13 Програма за изградба и реконструкција на основни училишта за 2025 година
14 Програма за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2025 година
15 Програма за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2025 година
16 Програма за научно-истражувачка дејностза 2025 година
17 Информација за потребни услови за воспоставување на центри за професионална и стручна рехабилитација (РЕХА центри)
18 Информација за формирање на Национално координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област, со Предлог-одлука и Предлог-решение
19 Барање за давање на автентично толкување на член 20-а став (4) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија" број 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија" број 143/19 и 14/20), поднесено од пратениците Блерим Беџети, Скендер Реџепи, Дијана Тоска, Бејџан Иљас, Сали Мурати, Исмаил Јахоски, Илир Хасани, Садула Дураки, Рина Ајдари, Талат Џафери, Елми Азири и Муса Џафери  Ц Стровија со реф. бр. 250
20 Финансиски план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и Одлука за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2025 година, со Предлог-одлука за согласност
21 Иницијатива поднесена од Александар Наумовски од Битола, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.248/2024 за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 59 став 2 во делот „и кога ке најде дека има недостатоци во постапката која претходела на донесувањето на оспорениот акт, но тие не биле од влијание за решавање на предметот во спорот", член 70 став 1 алинеја 1 во делот „суштествена", член 70 став 2 во делот „Суштествена" и во делот „а тоа влијаело или можело да влијае врз донесување на законита и правилна пресуда", член 79 став 3 во делот „суштествена", член 80 став 1 во делот „или тие не се од влијание за донесување на поинаква одлука", член 80 став 2 во делот „суштествена" и член 81 став 3 во делот „кои имале одлучувачко значење", делот „поради" и во делот „тие", сите од Закон за управни спорови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019).
22 Иницијатива поднесена од Александар Наумовски од Битола, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.246/2024 за оценување на уставноста на член 33 став 5 и став 6 во делот „Во случаите од ставот (5) на овој член, кога судот не е во можност да одлучи за предметот без списите", од Законот за управни спорови („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.96/2019).
23 Иницијатива поднесена од Александар Наумовски од Битола доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.249/2024 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 60 став З алинеја 2 од Законот за управните спорови („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.96/2019).
24 Иницијатива поднесена од Александра Илиева Милчова, адвокат од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.254/2024 за оценување на уставноста на член 288, член 381 ставови 3 и 4 и членовите 483, 484, 485, 486, 487, 488, 489 и 490 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија" бр.150/10, 100/12, 142/16 и 198/18).
25 Иницијатива поднесена од д-р Леонид Трпеноски, адвокат во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.222/2024 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 197 став 1 точка 2 во делот „или лицата од членот 215 став ( 1) на овој закон", член 198 став 2 во делот „од членот 185 на овој закон", член 202 став 11, член 205 став 1 во делот „за припадноста на заедница", член 206 став 6 во делот „согласно со членовите 489 до 496", член 222 во делот „членот 392 став 2 од", член 242 став 2 во делот „а ако е потребно, ќе се постапи согласно со одредбите на членот 239 став 4 од овој закон", член 317 став 2 во делот „ќе се примени членот 391 став 3 од овој закон" и во втората реченица „то" од зборот Решението, од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија" бр.150/2010, 100/2012, 142/2016, 193/2016 и 198/2018).
26 Кадровски прашања - 43
27 Прашања и предлози - 43
28 Информација за констатирана фактичка сосотојба за неконтролираниот ископ на песок, чакал и камен од речното корито на реката Вардар во атерот на с.Ногаевци, Општина Градско
29 Годишен извештај за работата на јавните обвинителства на Република Северна Македонија за 2023 година
30 Информација за подготовката на 20-от состанок на Поткомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, кој ќе се одржи на 23 јануари 2025 година
31 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 27.11 do 03.12.2024 година
32 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 04.12 do 10.12.2024 година
33 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 11.12 do 17.12.2024 година
34 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 18.12 do 24.12.2024 година
35 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 27.11.2024 до 03.12.2024
36 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 04.12.2024 до 10.12.2024
37 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 11.12.2024 до 17.12.2024
38 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 18.12.2024 до 24.12.2024
39 Писмено известување за активностите поврзани со кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија за период од 28.11-04.12.2024 година
40 Писмено известување за активностите поврзани со кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија за период од 05.12-11.12.2024 година
41 Писмено известување за активностите поврзани со кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија за период од 12.12-18.12.2024 година
42 Информација за ревидирање на Стратегијата за инклузија на Роми 2022- 2030
43 Информација за назначување на Национална контакт точка, Национален координатор и за формирање на Национално координативно тело за следење на имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, со Предлог-одлука
44 Предлог-програма за изградба и реконструкција/санација на спортски објекти за 2025 година
45 Информација на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во врска со Предлог анекс договор бр. 1 кон Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште, заведен под арх. бр. 12-710/1 од 26.04.2024 година, солемнизиран кај нотар Фросина Клисароска Канчевска од Скопје под ОДУ 1492/24 на ден 13.12.2024 година, склучен помеѓу Република Македонија – Влада на Република Македонија како основач на Технолошко индустриската развојна зона Скопјe 2, застапувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони како закуподавач и Друштвото за производство, трговија и услуги ШАХТЕРМ МК ДООЕЛ Скопје, како закупопримач
46 Информација за брендирање и графички стандарди на Владата на Република Северна Македонија, со Прирачник за брендирање и графички стандарди.
47 Информација за Програмата на економски реформи 2025-2027 година
48 ПРЕДЛОГ ОДЛУКА за условите за распределба и користење на средства за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации од буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година