73-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
13.05.2025 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Точки на предлог-дневен ред: 


Точка Наслов
1 Конечен извештај за извршена ревизија на усогласеност на тема Плати и додатоци на плати на административни службеници во Република Северна Македонија
2 Конечен извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2023 година на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за дерматологија (сметка за средства од фондот 737) и Конечен извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2023 година на Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за дерматологија (сметка за средства од фондот од програмите за здравствена заштита, сопствено учество на осигурените лица во цената на здравствената услуга и други средства од сопствени приходи 531) (Државен завод за ревизија)
3 Информација од Агенција за планирање на просторот за добивање согласност од Владата на Република Северна Македонија за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање преработка, рециклирање и унишување на отпад
4 Предлог-одлука за давање согласност на Статутарна одлука за изменување на Статутот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија - Скопје бр. 0101-5352/5 од 04.12.2024 година
5 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 23.04.2025 до 29.04.2025 година
6 Предлог на закон за изменување на Законот за волонтерството
7 Информација во врска со статус на реализација на Договорот за концесија за МХЕЦ бр.407 Пена од Концесионерот ЦММ Енерѓи Компани ДООЕЛ Скопје
8 Информација за потребата од спогодбено раскинување на Договор за доделување на финансиска поддршка склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Друштвото за производство на електрични мотори, генератори и трансформатори МАКИТЕЛ ДООЕЛ с.Ново село Дебарца
9 Информација за потребата од спогодбено раскинување на Договор за доделување на финансиска поддршка склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Друштвото за производство, услуги и трговија на големо и мало АГНЕСА Газменд ДООЕЛ увоз-извоз Битола, како корисник на финансиска поддршка
10 Предлог - одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на РСМ на град Скопје за гп бр.1
11 Информација за измена на Информацијата за давање на согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредни години на Министерството за здравство за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шекер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија за периодот април 2025 - април 2027 година
12 Информација за одржана Трета седница на Националниот совет за развој
13 Информација за полугодишен извештај за реализација на годишните планови за вработување за 2024 година за период јули – декември 2024 година, кој содржи податоци за бројот на планирани и бројот на реализирани вработувања во 
14 Предлог - уредба за посебните услови, начинот и постапката за добивање одобрение за летање на цивилни и државни воздухоплови
15 Информација на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во врска со Предлог Анекс Договор бр. 1 кон Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште, заведен под арх. бр. 09-540/1 од 01.04.2021 година, солемнизиран кај нотар Ана Брашнарска од Скопје под ОДУ број 354/21 на ден 01.04.2021 година, склучен помеѓу Република Северна Македонија – Влада на Република Северна Македонија како основач на ТИРЗ Скопје 1, застапувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони како закуподавач и Друштвото за производство на хидраулична опрема и услуги ВИТЕК МАКЕДОНИЈА ДОО - Илинден како закупопримач
16 Информација за Предлог- тарифник на основачот на ТИРЗ “Скопје 1” на надоместоци за извршени услуги кон корисниците на ТИРЗ “Скопје 1”, Предлог- тарифник на основачот на ТИРЗ “Скопје 2” на надоместоци за извршени услуги кон корисниците на ТИРЗ “Скопје 2”, Предлог- тарифник на основачот на ТИРЗ “Скопје 3” на надоместоци за извршени услуги кон корисниците на ТИРЗ “Скопје 3”, Предлог- тарифник на основачот на ТИРЗ “Штип“ на надоместоци за извршени услуги кон корисниците на ТИРЗ “Штип“, Предлог- тарифник на основачот на ТИРЗ “Струга“ на надоместоци за извршени услуги кон корисниците на ТИРЗ “Струга“, Предлог- тарифник на основачот на ТИРЗ “Струмица“ на надоместоци за извршени услуги кон корисниците на ТИРЗ “Струмица“, Предлог- тарифник на основачот на ТИРЗ “Берово“ на надоместоци за извршени услуги кон корисниците на ТИРЗ “Берово“, Предлог- тарифник на основачот на ТИРЗ “Виница“ на надоместоци за извршени услуги кон корисниците на ТИРЗ “Виница“, Предлог- тарифник на основачот на ТИРЗ “Делчево“ на надоместоци за извршени услуги кон корисниците на ТИРЗ “Делчево“, Предлог- тарифник на основачот на ТИРЗ “Кичево“ во опфат 1 и 2 на надоместоци за извршени услуги кон корисниците на ТИРЗ “Кичево“ во опфат 1 и 2, Предлог- тарифник на основачот на ТИРЗ “Радовиш“ на надоместоци за извршени услуги кон корисниците на ТИРЗ “Радовиш“, Предлог- тарифник на основачот на ТИРЗ “Прилеп“ на надоместоци за извршени услуги кон корисниците на ТИРЗ “Прилеп“, Предлог- тарифник на основачот на ТИРЗ “Гевгелија“ на надоместоци за извршени услуги кон корисниците на ТИРЗ “Гевгелија“ и Предлог- тарифник за надоместоци за извршени услуги на корисник на технолошка индустриска развојна зона
17 Информација на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони за престанок на важење на одлуката за давање согласност од Владата на Република Северна Македонија со бр. 41-9176/8 од 26.12.2023 година,за давање на согласност на Анекс Договорот бр.1 кон Договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и Друштвото за поизводство, трговија, промет и услуги НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ, NEXT.E.GO MOBILE ДООЕЛ увоз-извоз Тетово, со бр. 13-1151/1 од 15.08.2022 година
18 Статутарна одлука за изменување на Статутот на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија, ц.о. – Скопје
19 Информација за начинот на исплата на придонеси на заштитните друштва по основ поврат на платени придонеси /Informacion për mënyrën e pagesës së kontributeve për shoqëritë mbrojtëse në bazë të kthimit të kontributeve të paguara
20 Информација во врска со статус на реализација на Договорот за концесија за МХЕЦ бр.353 Зрновска река на Концесионерот ЕКО ТЕРА ДОО Скопје
21 Информација во врска со статус на реализација на Договорот за концесија за МХЕЦ бр.349 Блатечка река на Концесионерот Енерџи Лукс ДООЕЛ Кочани
22 Информација за првосилноста на пресуда на Европскиот суд за човекови права во предметот НДИ СОПОТ против Република Северна Македонија, А.бр. 6035/17
23 Информација за определување набљудувач и заменик набљудувач во Управниот одбор на Европската агенција за фундаментални права
24 Информација за потребата од потпишување на Предлог цена на чинење на услуги меѓу Република Северна Македонија претставувана од Министерството за одбрана и НАТО Организацијата за комуникации и информации претставувана од НАТО Агенцијата за комуникации и информации во врска со консултација, команда, контрола, комуникации, разузнавање, набљудување и извидување, со прилог Предлог цени
25 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „SILL 25“, во Република Естонија
26 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Immediate Response 25“, во Република Грција, Црна Гора и Република Косово
27 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „LAUFER 25“ во Република Хрватска
28 Предлог-одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје во студиската учебна 2025/2026 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија
29 Предлог-одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Стручна студиска програма на втор циклус на специјалистички стручни студии ,,Специјализација за командни и штабни должности“ на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2025/2026 година
30 Предлог-одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари на Министерството за одбрана (објекти на ул. „Јазик“, на КП бр.1738/1, КО Ѓорче Петров 1 - Ново Село)
31 Предлог-одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари на Министерството за одбрана (објекти на ул.„Војни објект“, на КП бр.1/1, КО Мралино)
32 Предлог-одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари на Министерството за внатрешни работи (КО Центар 2)
33 Предлог-одлука за давање на трајно користење на недвижна ствар на Министерството за внатрешни работи (КО Бутел)
34 Информација за реализација на Проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за лето 2025 година
35 Информација за потпишување Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за спорт на Република Северна Македонија и Министерството за спорт и млади на Црна Гора во областа на спортот, со усогласен текст на Меморандум
36 Предлог-одлука за доделување стипендии на странски државјани од интерес за Република Северна Македонија
37 Предлог на закон за дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка (поднесен од група пратеници)
38 Предлог на закон за дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, по скратена постапка (поднесен од пратеникот Моника Зајкова)
39 Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на потрошувачите, по скратена постапка, поднесен од група пратеници
40 Програма за работа на Републички Совет за Безбедност на сообраќајот на патиштата за 2025 година
41 Иницијатива поднесена од Ерол Абдулаи и Александра Палашевска од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија, под У.бр.21/2025, за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.51/2024)
42 Иницијатива поднесена од Ерол Абдулаи и Александра Палашевска од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија, под У.бр.21/2025, за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.272/2024)
43 Иницијатива поднесена од Александар Илиевски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.18/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 175 став 6 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2019, 178/2021 и 58/2024)
44 Иницијатива поднесена од Манчо Манчев од Кавадарци, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.4/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 9 став 4 во делот: „без јавен оглас, на определено време, најмногу до три месеци" од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.161/2019)
45 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.33/2025 за поведување постапка за оценување на уставноста на на член 4 став 3 во делот „буџетскиот корисник од прва линија" и член 7 став 3 во деловите „втора линија буџетски корисници" и „буџетскиот корисник од прва линија" од Законот за трансформација во редовен работен однос („Службен весник на Република Македонија" бр.20/2015, 44/15 и 44/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр.3/25)
46 Решение на Уставниот суд на Република Северна Македонија, под У.бр.162/2023 и У.бр.163/2023 од 12 февруари 2025 година за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.188/2023), со Издвоено мислење
47 Решение на Уставниот суд на Република Северна Македонија, У.бр.137/2017 од 25 септември 2024 година за поведување постапка за оценување на уставноста на членовите 176, 177 и 178 од Законот за електронските комуникации
48 Понуда од нотар Александра Петровска Ангеловска од Битола, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.268, за КО Кравари, на КП бр.405/1, викано место/улица „Село“
49 Понуда од нотар Симон Зафироски од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.196935, за КО Драчево 2, на КП бр.10062/1, викано место/улица „Речиште“
50 Кадровски прашања-73
51 Прашања и предлози-73
52 Годишен извештај на Државниот управен инспекторат за спроведени инспекциски надзори над спроведувањето на одредбите од Законот за административни службеници и прописите донесени врз основа на Законот во 2024 година
53 Годишен извештај за работа на Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштита на децата за 2024 година
54 Информација за здравствена состојба на шумите во Република Северна Македонија за 2024 година
55 Финансиски извештај на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје за период од 01.04.2024 година до 30.06.2024 година
56 Финансиски извештај на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје за период од 01.02024 година до 30.09.2024 година
57 Извештај за работа на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони за период од 01.07.2024 до 31.12.2024 година
58 Информација во врска со задолжението од Шестата седница на Владата, одржана на 16 јули 2024 година, за разгледување на опции за изнаоѓање на оптимално решение за избор на варијанта за изведба на Делница 2: Гостивар – Букојчани
59 Информацијата од Претседавачот на Координативното тело за следење на арбитражни постапки произлезени од меѓународни договори за постапување по заклучок на Владата на Република Северна Македонија за избор на меѓународна адвокатска канцеларија со експертиза во услуги за правна поддршка при имплементација на договори склучени согласно со FIDIC условите (ФИДИК договори) и меѓународна арбитража, вклучувајќи ICC комерцијална арбитража
60 Информација за Програмски документ за Република Северна Македонија на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) (2026-2030), со Програмски документ за Република Северна Македонија (2026-2030)
61 Информација за спроведување на централизирана набавка на системи за напредна заштита
62 Информација со предлог за избор на печатени медиуми кои ги исполнуваат условите од Законот за медиуми за добивање финансиска поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми и Извештај за спроведена постапка за избор на печатени медиуми корисници на финансиска поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2025 година
63 Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Burstock Ltd
64 Информација до Влада за План на активности за акумулацијата Младост со финансиска конструкција за негова реализација
65 Предлог-одлука за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија (КП бр.30/7, КО Теново, КП бр.30/8, КО ТеновоКП бр.30/9, КО Теново, КП бр.30/10, КО Теново и КП бр.30/16, КО Теново, општина Брвеница)
66 Предлог - одлука за доделување на средства за реализирање на студиските програми за 2025 година на Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски” - Скопје придружна членка на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје
67 Предлог-одлука за одобрување наменски средства на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово за 2025 година
68 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, по скратена постапка (поднесен од група пратеници)
69 Барање за давање на автентично толкување на член 2 од Законот за дополнување на Законот за возила („Службен весник на Република Северна Македонија" број 87/2023), поднесено од пратеникот Скендер Реџепи
70 Извештај со финансиски показатели за реализација на Програмата за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност за 2024 година
71 Информација за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје
72 Иницијатива поднесена од Павле Трајанов од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија, под У.бр.107/2024 за поведување постапка за оценување на уставноста на Автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија („Службен весник на Република Македонија“ бр.18/2002), објавено во „Службен весник на Република Македонија“ бр.99/2011