Отворен Балкан

Што е Отворен Балкан?
Отворен Балкан е регионална иницијатива создадена од Северна Македонија, Србија и Албанија која е посветена на обезбедување услови за практикување на четирите европски слободи за што е можно повеќе граѓани и компании на Балканот. Отворен Балкан е засилувач на регионалната соработка и поврзаност кога станува збор за слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги. 

Во моментов трите држави (Северна Македонија, Албанија и Србија) ја водат и развиваат иницијативата која има политика на отворени врати, особено за другите земји од Западен Балкан како Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, но и за другите земји од регионот – членки на ЕУ. 

Се поврзуваме за развој на нашите економии, за заеднички регионален и единствен пазар без ограничувања, без бариери, без граници и за негов долгорочен развој кој ќе донесе подобар живот за сите граѓани. 

Се работи за интеграција, наместо дезинтеграција, се работи за отворени наместо затворени граници, се работи за слобода наместо за ограничено движење, се работи за олеснување, наместо усложнување на процедурите, се работи за соработка наместо за непријателство, за напредок, наместо уназадување. 

Се поврзуваме со јасна, отворена и јавна намера за нашите луѓе веднаш да ја почувствуваат користа од она што го нудиме. Очекуваме таа полезност да биде почувствувана наскоро во домашниот буџет на милиони семејства, во квалитетот на живот на милиони граѓани. 

Од политички аспект, Отворен Балкан е насочен кон забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и кон придонесување за секоја од земјите што поскоро да стане членка на Европската Унија.

Инфографик за визуелна презентација на Отворен Балкан (ПДФ)

Конкретни резултати за граѓаните и компаниите:
Склучените трилатерални спогодби и договори веќе даваат опипливи резултати и корист за граѓаните. Соседите на Северна Македонија ѝ помогнаа со навремена интервенција во текот на пожарите во летото 2021 како резултат на Договорот за меѓусебна помош во услови на катастрофи и несреќи. За претстојната зима веќе работат мешани работни групи кои ќе обезбедат меѓусебна помош на трите држави во снабдувањето со храна, струја или енергетски ресурси. 

Движењето на земјоделските и прехранбените производи меѓу трите држави оди значително побрзо откако на граничните премини Табановце и Ќафасан се воведоа посебни зелени ленти за камионите од Отворен Балкан преку кои контролните механизми се спроведуваат многу побрзо бидејќи контролите сега функционираат 24 часа и истите  се меѓусебно признаени, па нема веќе потреба од тројни контроли во три држави. 

Наскоро се очекува да се активира идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“ (ОБ ИД број), благодарејќи на што граѓаните ќе можат непречано да работат во приватниот сектор во било која од овие три држави, без нотрификација на диплома, без чекање за разни дозволи и без било какви други административни бариери. Исто така, во завршна фаза е подготовка на воспоставување на единствен електронски ситем за наплата на патарина во сите три земји на „Отворен Балкан“.

Нови иницијативи:

  • Основање заедничка агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан

  • Промоција на регионот како атрактивна туристичка дестинација и врвно винско и гастрономко поднебје 

  • Основање на регионален театарски фестивал на Отворен Балкан

  • Основање на регионален филмски фонд на Отворен Балкан

  • Организација на регионални младински размени, школи и фестивали 

  • Намалување и отстранување на надоместоците и даноците што произлегуваат од постапката на прекугранично движење на луѓето, стоките или услугите 

Меѓународна поддршка:
Отворен Балкан е иницијатива што е целосно поддржана од претставниците на Европската Унија и Соединетите Американски Држави. 

Комесарот Вархеји истакна дека оваа иницијатива носи економска корист за земјите учеснички. Тој ги повика Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да се приклучат кон иницијативата. 

Понатаму, Вархеји изјави дека ЕУ ја поддржува секоја регионална соработка која е заснована на вредностите на блокот. 

„Мора да продолжите да ја промовирате оваа иницијатива; регионот сака да биде цел во поглед на економијата и општеството. Се восхитувам на фактот колку сте приврзани за оваа иницијатива, најмногу затоа што е иницијатива што доаѓа од Балканот, а не од ЕУ. Вие продолживте, кога ние не успеавте, да го привлекувате учеството на сите засегнати страни од Балканот. Ова е најдобрата порака што регионот може да ја испрати“, рече Вархеји во Тирана во декември 2021 година. 

Претставници од Стејт Департментот во март 2022 година во текот на студиска посетата на координаторите на ОБ во Вашингтон ДЦ, искажаа силна и категорична поддршка за европската интеграција на целиот регион на Западен Балкан, а особено за инклузивната, регионална, економска и политичка соработка што се развива преку конкретни иницијативи ориентирани кон резултати, како што е Отворен Балкан и кои се поздравени од граѓаните, компаниите и институциите и се усогласени со правилата и регулативите на ЕУ. 

Габриел Ескобар, заменикот помошник секретар и специјален претставник за Западен Балкан ја изрази својата директна поддршка за Отворен Балкан и неговото проширување. 


Со „Отворен Балкан“ преземаме конкретни чекори за заеднички да се справиме со кризата со енергенси и храна - Прес конференција на лидерите на Самитот Отворен Балкан во Белград


Потпишани договори кои произлегуваат од „Отворен Балкан“:

  • Protocol on interconnection of schemes for electronic identification of the citizens of the Western Balkan (македонски | англиски)
  • First protocol on the implementation of the agreement on conditions for free access to the labor market in the Western Balkan (македонски | англиски)
  • Memorandum of understanding on cooperation in the field of tourism in the Western Balkans (англиски)
  • Memorandum of understanding on the cooperation of the taxation administrations in Western Balkans (англиски)
  • Memorandum of understanding on cultural cooperation in the Western Balkans (англиски) 
  • Agreement on cooperation in the Western Balkans in the field of mutual recognition of diplomas and scientific grades issued by higher education institutions and other authorized institutions (англиски) 
  • Договор за заштита од катастрофи (англиски)
  • Меморандум за разбирање за увоз, извоз на стоки (македонски | англиски)
  • Меморандум за разбирање за слободен пристап до пазарот на трудот (македонски)
  • Спогодба помеѓу владите на Северна Македонија и Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС) (македонски | албански | англиски)
  • Agreement on conditions for free access to the labour market in the Western Balkans (англиски)
  • Agreement on interconnection of schemes for electronic identification of the citizens of the Western Balkans (англиски)
  • Agreement on cooperation in the field of veterinary, food and feed safety and phytosanitary in the Western Balkans (англиски)
  • Со Вучиќ и Рама договоривме самит на Отворен Балкан во Охрид и саем на вино и храна во Србија (англиски)
  • Agreement on food security mechanisms in the Western Balkans (англиски)
  • Memorandum of understanding on cooperation in the field of understanding on cooperation in the field of cinematography and audio-visual activities in Western Balkans (англиски)
  • Operational Plan in the field of Civil Protection between the Republic of Albania, the Republic of North Macedonia and the Republic of Serbia (англиски)
  • Меморандум за соработка во областа на рударството и енергетиката (македонски | англиски)
  • Меморандум за подобрување на движењето на лица и стоки преку заедничката државна граница (македонски)
  • Меморандум за воспоставување интероперабилен електронски систем за наплата на патарина (македонски | англиски)

Објави на темата
Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан [22.01.2024]
Царинска управа: Се подобрува сообраќајниот пристап на граничниот премин Табановце – Прешево со цел забрзување на протокот на возила - иницијатива на Отворен Балкан [16.05.2023]
Ковачевски - Вучиќ - Рама: Преку Отворен Балкан, заеднички ги освојуваме светските пазари, нашите визии за просперитетен, стабилен и европски Балкан стануваат реалност [02.04.2023]
Отворени можности за земјите од Отворен Балкан на меѓународниот Саем за вино „Винитали“ во Верона [02.04.2023]
Ковачевски - Вучиќ - Рама: Отворен Балкан значи нови отворени можности, го развиваме регионот по европски стандарди [02.04.2023]
Спасовски и Гашиќ во Белград потпишаа Меморандум помеѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Србија , кој ќе го олесни движењето на лица и стоки преку државната граница [31.03.2023]
Бектеши и Ѓедовиќ потпишаа Меморандум за соработка во рударството и енергетсиката помеѓу Северна Македонија и Србија [31.03.2023]
Потпишан Меморандумот за заедничка електронска наплата на патарина во Република Северна Македонија и Република Србија [31.03.2023]
Премиерот Ковачевски пречекан од претседателот Вучиќ, започна Конференцијата за инвестиции во обновливи извори на енергија [17.11.2022]
Ковачевски: Обновливите извори на енергија се иднината на регионот, инвестициите во зелената транзиција се клучни [17.11.2022]
Ковачевски: Северна Македонија е регионален лидер во енергетската трансформација, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб [17.11.2022]
Ковачевски: Работиме интензивно на решение со Србија да обезбедиме поевтина струја за македонското стопанство [17.11.2022]
Битиќи од конференцијата за инвестиции во енергетика во Белград: Од зависност, кон меѓузависност, ова е клучот за енергетска стабилност за целиот регион [17.11.2022]
Ковачевски на состанок со Вучиќ и Рама: Позитивните искуства од Отворен Балкан ќе ги пренесеме на Самитот во Берлин [26.10.2022]
Струмица ќе биде домаќин на Егзит како дел од регионалниот Фестивал на храна и вино, во рамките на иницијативата Отворен Балкан [05.09.2022]
Ковачевски: Заедно да развиваме перспективен Балкан, македонските вина, храна и музика вреди да се доживеат [02.09.2022]
Бочварски - Момировиќ: Меѓусебната соработката е досега на највисоко ниво [02.09.2022]
Костадиновска-Стојчевска: Отворањето на македонскиот КИЦ во Белград уште повеќе ќе ја засили културната соработка со Србија [02.09.2022]
Ковачевски: Со краткорочни, среднорочни и долгорочни проекти заеднички обезбедуваме стабилност и енергија за земјите од регионот [02.09.2022]
На Самитот „Отворен Балкан“ потпишани договори за соработка во областа на обезбедување храна, киноматографија и цивилна заштита [02.09.2022]
Министерот Николовски во Белград го потпиша Договорот за соработка и обезбеденост со храна - Сплотени заедно обезбедуваме храна за нашите народи [02.09.2022]
Костадиновска-Стојчевска: Формираме заеднички копродукциски фонд „Отворен Балкан“ за филмските професионалци [02.09.2022]
Тупанчески се сретна со министерката за правда на Србија, Поповиќ во Белград [02.09.2022]
Ковачевски: Со „Отворен Балкан“ преземаме конкретни чекори за заеднички да се справиме со кризата со енергенси и храна [02.09.2022]
Бектеши, Матиќ и Кумбаро договорија развој на "Вински патишта на Отворен Балкан" со кој ќе се зголеми туристичката понуда во винската индустрија [02.09.2022]
Ковачевски: „Отворен Балкан“ отвори пат за заедничко справување со предизвиците за обезбедување храна и електрична енергија [02.09.2022]
Ковачевски: Преку „Отворен Балкан“ создаваме конкурентен регион, атрактивен за инвестиции [02.09.2022]
Ковачевски на Самитот „Отворен Балкан“: Низ конкретни чекори ја унапредуваме регионалната соработка, на патот кон ЕУ - Отворен Балкан е функционална иницијатива  [02.09.2022]
„Балканот е отворен”, порачаа лидерите на Отворен Балкан на Саемот за храна вино и туризам во Белград  [01.09.2022]
Ковачевски на саемот Отворен Балкан: Долгата винска традиција на земјите од Отворен Балкан преставена преку врвни вина на Саемот „Винска Визија“  [01.09.2022]
Премиерот Ковачевски ги посети македонските штандови за вино: Македонските вина со огромна промоција, можности за развој и нови пласмани  [01.09.2022]
Ковачевски: Отворен Балкан е нашата заедничка шанса за подобра иднина и животен стандард за нашите држави и нашите граѓани [01.09.2022]
Промоција на македонските вина, храна и туризам на Саемот на Отворен Балкан во Белград од 1 до 4 септември [24.08.2022]
Отворен Балкан во Тирана ги отстранува трговските и бариерите помеѓу граѓаните  [26.07.2022]
Северна Македонија, Албанија и Србија заедно обезбедуваат храна и струја за своите граѓани пред почетокот на кризната зима - втор ден интензивна агенда на Отворен Балкан во Тирана  [26.07.2022]
Бочварски-Момировиќ: Концептот на Отворен Балкан дава успешни резултати. Го забрзавме протокот на стока и патници на ГП Табановце [22.07.2022]
Онлајн состанок на лидерите на Отворен Балкан: Нашата соработка е конкретна, за силен економски регион подготвен за членство во ЕУ [08.07.2022]
Ковачевски на крајот на Самитот: Да се видиме наскоро со истата енергија и со нови идеи и проекти за соработка [08.06.2022]
Ковачевски: Отворен Балкан е одлична иницијатива, но не е замена за ЕУ [08.06.2022]
Ковачевски: Отворени сме за изнаоѓање достоинственo решение за спорот со Бугарија [08.06.2022]
Ковачевски: Се обединуваме за заедничко добро на нашите народи [08.06.2022]
Отворен Балкан: Потпишан договор за олеснување на процедурите за признавање на дипломи и научни степени стекнати во Северна Македонија, Србија и Албанија [08.06.2022]
Костадиновска-Стојчевска на самитот во Охрид: „Отворен Балкан“ е широко отворен простор без административни бариери за културата и за уметноста [08.06.2022]
Отворен Балкан отвори нови можности за соработка во туризмот, културата, образованието и даночните политики [08.06.2022]
„Отворен Балкан“ обединува и надминува бариери и создава фондови за заедничка културна соработка [08.06.2022]
Ковачевски: Со меѓународната поддршка Отворен Балкан е двигател на евроинтеграциите за регионот [08.06.2022]
„Отворен Балкан“ отвора можности за заедничка промоција на атрактивните туристички атракции на земјите од регионот [08.06.2022]
Од Самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид: Продолжуваме со соработка за силен регион подготвен за членство во ЕУ [08.06.2022]
Ковачевски на Отворен Балкан: Нè поврзува заедничка визија за напреден и безбеден регион [08.06.2022]
Костадиновска-Стојчевска: Министерките за култура на Албанија и на Србија воодушевени од Охридскиот бисер [08.06.2022]
Ковачевски на крајот на Самитот: Да се видиме наскоро со истата енергија и со нови идеи и проекти за соработка [07.06.2022]
Ковачевски: Отворен Балкан е одлична иницијатива, но не е замена за ЕУ [07.06.2022]
Ковачевски: Се обединуваме за заедничко добро на нашите народи [07.06.2022]
Отворен Балкан: Потпишан договор за олеснување на процедурите за признавање на дипломи и научни степени стекнати во Северна Македонија, Србија и Албанија [07.06.2022]
Костадиновска-Стојчевска на самитот во Охрид: „Отворен Балкан“ е широко отворен простор без административни бариери за културата и за уметноста [07.06.2022]
Отворен Балкан отвори нови можности за соработка во туризмот, културата, образованието и даночните политики [07.06.2022]
„Отворен Балкан“ обединува и надминува бариери и создава фондови за заедничка културна соработка [07.06.2022]
Ковачевски: Со меѓународната поддршка Отворен Балкан е двигател на евроинтеграциите за регионот [07.06.2022]
„Отворен Балкан“ отвора можности за заедничка промоција на атрактивните туристички атракции на земјите од регионот [07.06.2022]
Од Самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид: Продолжуваме со соработка за силен регион подготвен за членство во ЕУ [07.06.2022]
Ковачевски на Отворен Балкан: Нè поврзува заедничка визија за напреден и безбеден регион [07.06.2022]
Костадиновска-Стојчевска: Министерките за култура на Албанија и на Србија воодушевени од Охридскиот бисер [07.06.2022]
Ковачевски ги пречека лидерите од регионот: Со Отворен Балкан отвораме нови перспективи за нашите држави [07.06.2022]
Николовски од самитот „Отворен Балкан“: Ги усогласуваме ветеринарните сертификати и овозможуваме полесна трговија на живи животни и производи од животинско потекло [07.06.2022]
Во Охрид пристигнаа лидерите на земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ [07.06.2022]
Ковачевски-Брнабиќ: Силната регионалната соработка е основа за забрзан економски развој [18.05.2022]
Ковачевски: Отворен Балкан значи можност за инвестиции и економски раст на регионот [18.05.2022]
Со Вучиќ и Рама договоривме самит на Отворен Балкан во Охрид и саем на вино и храна во Србија [26.04.2022]
Средба на премиерот Ковачевски со амбасадорот Река: Добрите односи помеѓу Северна Македонија и Албанија се голем придонес во развојот на регионот и неговите европерспективи [11.02.2022]
Бочварски: Потребно е регионално поврзување и модернизација на железницата на Западен Балкан [09.02.2022]
Премиерот Ковачевски: Компаниите ги препознаваат придобивките од „Отворен Балкан“ [09.02.2022]
Средба на вицепремиерот Битиќи со албанскиот амбасадор Река – Радува растот на трговската размена, Северна Македонија и Албанија заедно да работат за подобра економска клима во регионот [03.02.2022]
Николовски од Белград: Саемот „Агро Белград 2022“ и иницијативата „Отворен Балкан“ се основа за зголемена трговска размена на земјите од регионот [27.01.2022]
Николовски од Белград: Иницијативата „Отворен Балкан“ економски го унапредува целиот регион, за само 24 часа македонските производи се на српскиот пазар [27.01.2022]
Започна Самитот на „Отворен Балкан“ во Тирана, договорите за единствен пазар на трудот во регионот се од огромно значење за граѓаните [21.12.2021]
Заев, Ковачевски и Димковски денеска учествуваат на самитот на „Отворен Балкан“ во Тирана [21.12.2021]
Премиерот Заев ќе ја предводи владината делегација на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана [20.12.2021]
„Open Balkan ID“ за слободен пристап до пазарот на труд и за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоките на Западен Балкан [14.11.2021]
Вицепремиерот Димитров за иницијативата „Отворен Балкан“: Колку поголем успех ќе постигнеме, толку поголема ќе биде и мотивацијата за приклучување, а и одгласот на пораката дека заслужуваме европска иднина [24.11.2021]
Заедничка изјава на учесниците на денешниот состанок на Иницијативата Отворен Балкан: Иднината на проширувањето – поглед од регионот [04.11.2021]
Заев на прес-конференцијата на Економски форум „Отворен Балкан“: Од огромно значење е што новото и силно регионално поврзување доби значајна поддршка од деловните заедници [29.07.2021]
Заев, Вучиќ и Рама на завршницата на „Отворен Балкан“: Новите иницијативи ќе донесат големи придобивки за стопанствениците и граѓаните, а вратите остануваат отворени и за сите други земји од регионот [29.07.2021]
Завршна изјава на лидерите на „Отворен Балкан“ [29.07.2021]
Заев, Вучиќ и Рама ги потпишаа првите официјални документи за соработка во рамките на „Отворен Балкан“ за силен импулс за поттикнување на регионалната соработка [29.07.2021]
Во Скопје ќе се одржи Економски форум на иницијатива на Северна Македонија, Албанија и Србија [29.07.2021]
Премиерот Заев го прими новоизбраниот генерален секретар на RYCO Хани: Поддршката на мобилноста и поврзувањето на младите од регионот е вложување во нивната иднина [12.07.2021]
Заев, Вучиќ, Рама: Силно сме посветени на регионалната соработка, градиме европски Западен Балкан [29.06.2021]
Претседателот Вучиќ и премиерите Рама и Заев согласни дека иницијативата за регионална соработка е целосно во согласност со Берлинскиот процес и добра основа за Самитот во Софија [30.10.2020]
Премиерот Заев на Форумот за младинско лидерство во Нови Сад: Политичките лидери треба да ги обезбедат сите услови младите да го прифатат и да го предводат бранот на промени во своите земји и во регионот [24.11.2019]
Премиерите Заев и Рама и Претседателот Вучиќ на трилатерална средба во пресрет на утрешниот состанок со другите лидери од Западен Балкан ja утврдија декларацијата за соработка [09.11.2019]
Премиерот Заев на трилатералниот состанок со претседателот на Србија Вучиќ и премиерот на Албанија Рама: Да ги воведеме европските принципи на соработка и функционирање и четирите слободи на ЕУ за проток на производи, мобилност на луѓе, услуги и капитал [10.10.2019]