Груевски: Македонија има трет најголем раст во Европа и умерен јавен долг

Македонија и во 2013 и во 2014 година има трет најголем раст на економијата во Европа, истакна премиерот Никола Груевски. 

- Минатата година пред нас беа само Англија и Ирска. Трети сме ние. Само со резултатите од првите три квртали од 2014 година, бидејќи за четвртиот се уште не е објавен, имаме околу 3,9 проценти раст и тоа значи трет најголем раст во Европа. Исто беше и во 2013 година, рече премиерот во интервјуто во емисијата „Јади бурек“. 

Потенцира дека Македонија има стабилна макроеконоска ситуација, релативно низок до умерен јавен долг од 39 отсто и ниска инфлација.

- Јавниот долг е низок до умерен бидејќи во ЕУ просечно е 87 проценти. На пример Хрватска има задолженост над 100 проценти, Германија има над 80 проценти, но важно е како се троши задолжувањето, односно да се насочи во паметни инвестиции кои носат ефекти економски, што ја зајакнуваат економијата, ги зголемуваат приходите во буџетот и полесно се враќаат долговите, истакна пемиерот.