Груевски: За македонските компании обезбедивме евтини кредити

Владата за домашните фирми обезбеди кредитна линија со каматна стапка до 5,5 проценти во услови кога во Македонија каматите беа 8-9 проценти, па за некои компании и и 12 и 13 проценти. 

Ова го посочи премиерот Никола Груевски во интервју во емисијата „Јади бурек“, посочувајќи дека и за домашните и за странските компании Владата се грижи и се труди да има подеднакви услови.  

- Обезбдивме кредити со камата не повисока од 5,5 проценти преку Македонската банка за поддршка на развојот во време на глобална криза. Тие средства толку многу се користат што 99 проценти од сите одобрени кредити на компаниите се од таа кредитна линија со која не смее да има повисока каматна стапка од 5,5 проценти, истакна премиерот. 

Според него тоа беше екстра инекција на македонските фирми во најтешки времиња и оти ја искористија огромен број фирми.